Отстранување На Алатката За Косење - AL-KO Solo T 22-111.7 HDS-A V2 Comfort Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 83
MK
Преку зимата чувајте го акумулаторот во
ладна, сува просторија (10 - 15 °C).
Избегнувајте складирање на температури
под точката на мрзнење.
Не го оставајте акумулаторот без полнење
подолг временски период. Ако
акумулаторот не се користи подолг
временски период, тој треба да се полни
користејќи соодветен полнач.
Не го уништувајте акумулаторот.
Електролитот (сулфурна киселина)
предизвикува хемиски изгореници на
кожата и облеката – веднаш исплакнете
со многу вода.
Чувајте го акумулаторот чист. Бришете
само со сува крпа. Не користете вода,
бензин, средство за разредување или
слично!
Одржувајте ги терминалите чисти и
премачкајте ги со терминална маст.
Не предизвикувајте краток спој на
терминалите.
Полнење на акумулаторот
Полнењето е потребно:
Пред складирањето за зимската пауза.
При подолго време на мирување на
уредот (подолго од 3 месеци).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од неправилно полнење
на акумулаторот!
Струјата за полнење на полначот не
смее да надминува 5 A а напонот за
полнење може да биде само макс.
14,4 V. При повисок напон на
полнење постои опасност од
експлозија на акумулаторот!
Секогаш извадете го контактниот клуч
пред да почнете да работите на
акумулаторот.
Ви препорачуваме да го полните
акумулаторот, што не пропушта гасови и на
кој не му треба одржување, користејќи
специјален соодветен полнач (кој може да се
добие преку специјализирани продавници).
Почитувајте го упатството за употреба на
производителот на полначот пред и за време
на полнење на акумулаторот.
466
ВНИМАНИЕ!
Опасност од краток спој!
За да избегнете краток спој, секогаш
најпрво одвојте го негативниот кабел
(-) од акумулаторот и повторно
поврзете го како последен!
Секогаш извадете го контактниот клуч
пред да почнете да работите на
акумулаторот!
1. Извлечете го контактниот клуч (01/3).
2. Отворете го капакот на моторот.
3. Поврзете ги клемите на полначот со
терминалите на акумулаторот.
НАПОМЕНА
Обрнете внимание на поларитетот:
Црвена клема = позитивен
терминал (+)
Црна клема = негативен терминал
(-)
4. Поврзете го полначот со струјната мрежа
и вклучете го.
10.5 Отстранување на алатката за косење
Алатката за косење мора да се извади со цел
за да се користи тракторот за расчистување
на снег и за промена на клинестиот ремен.
1. Завртете го воланот на целосно лево
заклучување (14).
2. Одвртете ја цилиндарската завртка (15) на
држачот на каналот со 5-6 вртења.
3. Спуштете ја алатката за косење на
најниската поставка (16).
4. Откачете го влечниот федер на алатката
за косење (17).
5. Ставете ја алатката за косење повторно
горе (18).
6. Откачете го каналот на клинестиот ремен
(19).
7. Откачете го клинестиот ремен од шајбната
за клинестиот ремен на моторот (20).
8. Повторно спуштете ја алатката за косење
на најниската поставка (21).
9. Отстранете ги 4-те пинови за заклучување
на фиксаторите од алатката за косење
(22).
10. Извлечете ги фиксаторите преку болцните
(22).
Одржување

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido