OBJ_BUCH-3414-001.book Page 151 Wednesday, December 20, 2017 8:15 AM
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат, турнете
го најпрво прекинувачот за вклучување/исклучување 6
нанапред, притиснете го и на крај држете го притиснат.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 6 турнете го прекинувачот за
исклучување/вклучување 6 понапред.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6 одн. доколку
тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 и потоа ослободете го.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 ставете го во положба
Исклучено и одново вклучете го електричниот апарат.
Совети при работењето
Движете го брусното тело напред-назад со рамномерен
лесен притисок, за да постигнете оптимални работни
резултати. Преголемиот притисок го намалува учинокот
на електричниот апарат и резултира со брзо изабување на
брусното тело.
Bosch Power Tools
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
При екстремни услови на примена, доколку е
возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот апарат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.
Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива 2012/19/EU за
електрични и електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се вон употреба мора
одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки
прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 151
1 609 92A 46N | (20.12.17)