Полнење Гориво; Чистење На Машинатаи На Моторот; Навртки И Шрафови За Фиксирање; Вонредно Одржување - Stiga BP 375 Manual De Instrucciones

Soplador de jardín de mochila con motor de combustión interna
Ocultar thumbs Ver también para BP 375:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 128
големи количини на мешавина зa да
се избегне формирање талог.
ВАЖНО Чувајте ги добро обезбедени
и идентификувани контејнерите со
мешавината и со бензинот за да се избегне
замена во моментот на користење.
ВАЖНО Од време навреме чистете ги
контејнерите за бензин и за мешавина за
да се отстранат евентуалните талози.
7.3 ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
Полнењето гориво се извршува
кога машината не работи и со
извадено капаче на свеќичката.
Пред полнење:
1. Протресете го енергично
резервоарот за мешавина.
2. Поставете ја машината на рамна
површина, во стабилна позиција
со капачето на резервоарот
за мешавината одгоре.
ЗАБЕЛЕШКА На капачето за
резервоарот за мешавината (сл.
11.A) го има следниот симбол:
Резервоар за мешавина
3. Исчистете го капачето на резервоарот
во круг за да се избегне навлегување
нечистотии при полнењето.
4. Отворете го внимателно капачето на
резервоарот за мешавина за да се
испушти притисокот постепено.
5. Наполнете со инка и не ставајте од
мешавината до грлото на резервоарот.
7.4 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
И НА МОТОРОТ
За да го намалите ризикот од запалување,
одржувајте ги машината, а особено моторот
без остатоци од листови и гранки.
• Секогаш чистете ја машината по
употребата со чиста и мокра крпа
потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага
со мека и сува крпа. Влагата остава
простор за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти
и растворувачи да ги исчистите
пластичните делови или рачките.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење
на моторот и на електричните делови.
• Одржувајте го роторот секогаш чист
од прашина и остатоци коишто се
раздувале со воздухот кон решетката.
Не прскајте го роторот со вода.
• За да избегнете прегревање или
оштетување на моторот, секогаш
проверувајте дали решетката за воздух
за ладење е чиста и без остатоци.
7.5 НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Сите завртки, навртки и лостови одржувајте
ги соодветно зацврстени за да сте сигурни
дека косачката е безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали
рачките се цврсто фиксирани.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1 ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ
ЗА ВОЗДУХ
ВАЖНО Чистењето на филтерот за
воздух е битно за добра работа и векот на
самата машина. Не работете без филтер или
со оштетен филтер за да не предизвикате
непоправливи оштетувања на моторот.
Чистењето треба да се спроведува
секои 8– 10 часови работа.
За чистење на филтерот:
1. Отшрафете ги двете копчиња (сл.
9.A) и извадете го капакот (сл. 9.B).
2. Извадете го филтерот од хартија (сл.
9.C) и филтерот од сунѓер (сл. 9.D).
3. Издувајте го филтерот од хартија
за да ги отстраните нечистотијата
и остатоците (сл. 10.А).
4. Исперете го филтерот од
сунѓер со вода (сл. 10.B).
ВАЖНО Не користете бензин, детергент
или друго средство за чистење на филтерот.
5. Оставете го филтерот од сунѓер
да се исуши на воздух.
6. Исчистете го местото за филтерот
од нечистотии, остатоци и ѓубре.
7. составете го елементот со филтрите на
своето место (сл. 9) (проверете дали
iфилтерот од сунѓер е убаво исушен);
8. Ставете го капачето (сл. 9.B),
фиксирајте ги копчињата (сл. 9.A).
MK - 12

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido