Descargar Imprimir esta página

Редовно Одржување; Општо; Подготовка На Мешавината - GGP ITALY SPA B 26 J Manual De Instrucciones

Desbrozadora de motor portátil manualmente

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 153
ВАЖНО Застанете ја машината
(пасус 6.5), извадете го капачето на
свеќичката (сл. 10.H; сл. 11.H) и поставете
ја заштитатаза сечивото секојшат кога
ја оставате машината без надзор.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
Пред да интервенирате на
кој било начин на машината:
• Застанете ја машината;
• Уверете се дека уредот со
сечивото е сосема застанат;
• Извадете го капачето на
свеќичката (сл. 10.H; сл. 11.H);
• Проверете дали моторот е
соодветно изладен;
• Носете заштитни ракавици;
• Ставете ја заштитата за сечивото дури
и при интервенција на самото сечиво;
• Зачестеноста и висот на интервенција
се дадени во „Табелата за одржување"
(видете поглавје 12). Табелата го прикажува
опсегот што ќе ви помогне при одржување
на ефикасноста и безбедноста на
машината. Во неа се прикажани главните
интервенции и предвидените интервали
за секоја од ставките. Извршете ја
соодветната постапка пред првата појава.
• Употребата на резервни делови и
дополнителна опрема коишто не се
оригинални, може да доведе до несакани
ефекти врз работата и безбедноста на
машината. Производителот ја отфрла
сета одговорност во случај на штети или
поврди предизвикани од такви производи.
• Оригиналните резервни делови се
набавуваат во сервисните центри или
кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување
и регулација коишто несе опишани во
ова упатство треба да се извршат кај
застапникот или во овластен сервис.
7.2 ПОДГОТОВКА НА МЕШАВИНАТА
Оваа машина има двотактен мотор
и работи на мешавина од бензин
и масло за подмачкување.
ВАЖНО Употребата на само
бензин се оштетува моторот и се
изнудува губење на гаранцијата.
ВАЖНО Користете само гориво и
подмачкувачи со висок квалитет за
одржување на машината и за да гарантирате
траење на механичките делови.
7.2.1 Карактеристики на бензинот
Користете само безоловен бензин (зелен
бензин) со број на октани не помал од 90 N.O.
ВАЖНО Зелениот бензин создава талог
во резервоарот ако се чува повеќе од два
месеци. Секогаш користете свеж бензин!
7.2.2 Карактеристики на маслото
Ставајте само синтетичко масло од врвен
квалитет, наменет за двотактни мотори.
Кај застапникот може да ги најдете
соодветните масла, создадени за
овој вид мотор, до оној степен кој
гарантира поголема заштита.
Користењето на овие масла дозволува
составување на една мешавина од
2,5%, што значи 1 дел масло се меша
со секои 40 дела од бензин.
7.2.3 Подготовка и конзервација
на мешавината
За подготовка на мешавината:
– ставете во еден сад приближно
половина од количината бензин.
– Додајте го целото масло.
– додајте го остатокот од бензинот.
– затворете го капакот и
измешајте енергично.
ВАЖНО Мешавината подлежи
на стареење. Не подготвувајте
големи количини на мешавина зa да
се избегне формирање талог.
ВАЖНО Чувајте ги добро обезбедени
и идентификувани контејнерите со
мешавината и со бензинот за да се избегне
замена во моментот на користење.
MK - 13

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

B 26 jdB 26 dB 32B 32 dB 42B 42 d ... Mostrar todo