Bosch GCM 12 GDL Professional Manual Original página 368

Ocultar thumbs Ver también para GCM 12 GDL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 62
OBJ_BUCH-1360-005.book Page 368 Wednesday, December 21, 2016 1:10 PM
368 | Македонски
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 60 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Само со притискање на лостот за блокада 5 лизгачката
рачка може да се помести надолу.
– За сечење дополнително мора да го притиснете лостот
за фиксирање со влечење на прекинувачот за
вклучување/исклучување 5.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Исклучување
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 60.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот апарат и овозможува работа на 16-A-
осигурувач.
Напомена: Доколку електричниот апарат стартува
веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот апарат мора веднаш да се прати во
сервисна служба, адресата погледнете ја во делот
„Сервисна служба и совети при користење", страна 374.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
 Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање 15 и
затегнувачката дршка 17 пред сечењето. Инаку
листот на пилата може да се заглави во делот што се
обработува.
 При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре
граничната водилка, столарските стеги или другите
делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Агол на косо сечење
хоризонтално
вертикално
45°
45° (лево)
45° (десно)
45°
45° (лево)
45°
45° (десно)
Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега 22 лево
или десно на листот на пилата): 160 x 335 мм (должина x ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 104 мм
1 609 92A 2P3 | (21.12.16)
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на шината на граничникот.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Означување на линијата на сечење (види слика M)
Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на сечење
на листот за пилата. Притоа, делот што се обработува може
точно да го позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба со повратен механизам.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот 61.
– Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка
помеѓу двете ласерски линии.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на
сечење е точно прикажана (види „Подесување на
ласерот", страна 371). Ласерските зраци може да се
поместат на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Позиција на корисникот (види слика N)
 Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
– Не ги прекрстувајте рацете пред лизгачката рачка.
Менување на плочата за вметнување (види слика O)
Црвените плочи за вметнување 13 може да го истрошат
електричниот уред по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките 62 со инбус клуч (4 mm) 20 и
извадете ги старите плочи за вметнување.
– Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицвртете ја плочата за вметнување со завртките 62
што е можно подесно, така што по целата должина на
можното повлекување листот за пилата нема да доаѓа
во контакт со плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева
плоча за вметнување.
Висина x ширина [мм]
Делот за обработка на
граничната водилка
104 x 335
104 x 240
50 x 335
40 x 335
50 x 240
40 x 240
Дел за обработка на
дистанцер-граничник (опрема)
110 x 240
110 x 110
50 x 295
40 x 295
50 x 200
40 x 200
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido