MK
ВАЖНО - ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ МАШИНАТА. Зачувајте за секое идно навраќање
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
ЗАБЕЛЕШКА – соодветните слики за насоките се
наоѓаат на стр. 2 во ова упатство.
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно
раздувувач/прибирач на струјасо оператор на нозе.
Машината во основа се состои од мотор којшто придвижува
роторот за работа сместен во картер и има тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со машината и да ги
вклучува главните команди држејќи се секогаш зад рачката
и на безбедно растојание. Оддалечувањето на операторот
од машината предизвикува запирање на моторот по некол-
ку секунди.
Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за раздувување
и прибирање од теренот во присуство на оператор на нозе.
Разликата во ефектот на производот врз теренот се постиг-
нува со различно взаемно поставување на роторот за работа
и од длабочината на теренот.
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените, мо-
же да претставува опасност и да предизвика повреди и ште-
ти за лица и/или предмети.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не
се ограничува на следното):
– превоз на лица, деца или животни врз машината,
– при транспорт на машината,
– употреба на машината за влечење или буткање товар,
– употреба на машината од страна на повеќе луѓе.
– спуштање и активирање на роторот за работа на тврди
почви или во присуство на чакал или камења.
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И КОМПОНЕНТИ НА
МАШИНАТА
1. Ниво на акустична моќност
2. Ознака за усогласеност
3. Година на производство
4. Тип на машина
5. Сериски број
6. Име и адреса на производителот
7. Код на производ
8. Моќност на моторот
9. Тежина во кг.
10. Волтажа и вид напојување
11. Ракофат
12. Мотор
13. Ротор за работа (со цврсто сечиво или пружина)
14. Штитник
15. Вреќа за собирање
16. Регулација на длабочината на продирање
17. Команда за палење
18. Кука за електричниот кабел
Примерот со декларацијата за усогласеност се наоѓа на по-
следната страница од упатството.
Не фрлајте го електричниот апарат заедно со дома-
шен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ
2012/19/CE, отпадот што се состои од електрични и
електронски апарати е ваша одговорност и, во со-
гласност со националните одредби, електричните
апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може
подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен на-
чин. Ако електричните апарати се одложат на ѓубриште или
на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со
елементите во почвата и да навлезат во синџирот на исхра-
на, со што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата.
За подетални информации околу фрлањето на овој произ-
вод, контактирајте со компетентни институции за фрлање
домашен отпад или со застапникот.
Класа II: Двојна изолазија.
ОПИС НА ДАДЕНИТЕ СИМБОЛИ НА КОМАНДИТЕ
(кога е предвидено)
21. Застанување
22. Движење
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
машината треба да се користи внимателно. За таа цел, на
машината се поставени илустрации наменети да ве потсету-
ваат за главните безбедносни мерки при употреба. Нивното
значење е објаснето подолу. Затоа, препорачуваме внима-
телно да ги прочитате безбедносните мерки што се дадени
во засебно поглавје на ова упатство. Заменете ги оштетени-
те или нечитливите етикети.
31. Внимание: Прочитајте го упатството за употреба пред да
ја користите машината.
32. Внимавајте на сечивата: Сечивата продолжуваат да
се вртат и по исклучување на моторот. Исклучете го
напојувањето пред да пристапите кон процедури за
одржување или ако кабелот е оштетен.
33. Ризик од исфрлање. Држете ги лицата подалеку од опсе-
гот на работа додека ја користите машината.
34. Внимание: кабелот за напојување треба да се држи по-
далеку од роторот за работа.
35. Ризик од изложување на шум и прашина. Носете аку-
стичка заштита и заштита за очите.
36. Веднаш исклучете го приклучокот од штекер ако кабе-
лот (или продолжниот кабел) се оштетени или пресе-
чени.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
[61] Номинална моќност
[62] Максимална брзина при работа на моторот
[63] Тежина на машината
[64] Обем на сечење
[65] Ниво на измерен акустичен притисок
[66] Несигурност за мерење
[67] Ниво на измерена акустична моќност
[68] Ниво на гарантирана акустична моќност
[69] Ниво на измерени вибрации
[70] Код на роторот за работа со цврсто сечиво
[71] Код на роторот за работа со пружина
1