AEG GS 500 E Manual Original página 42

Ocultar thumbs Ver también para GS 500 E:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 10
заштита. Можат да се разлетаат парчиња од работниот
материјал или од скршен прибор и да предизвикаат
повреди, исто така и надвор од директниот делокруг на
работа.
ѕ) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани
површини за држење, додека извршувате работи, кај
кои приборот може да погоди сокриени струјни водови
или сопствениот кабел за напојување со струја.
Контактот со водови што спроведуваат напон, става и
метални делови од електро-апаратот под напон и доведува
до електричен удар.
и) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана
од прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата
над електро-алатот, кабелот за напојување со струја може
да се исече или да се закачи и вашата рака или вашата
дланка да бидат повлечени во приборот што се врти.
ј) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување. Електро-
алатот што се врти може да дојде во контакт со
површината, на којашто се остава, а на тој начин можете да
ја изгубите контролата над електро-алатот.
к) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку
случаен контакт со приборот што се врти, при што тој може
да навлезе во вашето тело.
л) Редовно чистете го отворот за проветрување на
вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече
прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална
прашина може да предизвика електрични опасности.
љ) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
м) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни
течни средства за ладење. Употребата на вода или на
други течни средства за ладење може да доведе до
електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти,
како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со
жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до
неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или
блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење што
навлегува во материјалот, може да се закачи и на тој начин
да дојде до излегување на дискот или да се предизвика
повратен удар. Во таков случај дискот за брусење се движи
или кон операторот или настрана од него, зависно од
насоката на вртење на дискот во точката на спојување.
Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се
скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги
вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе
можете да дадете отпор на силите од повратиот удар.
Секогаш употребувајте ја додатната рачка, доколку
постои, за да можете да имате максимална можна
контрола над силите од повратниот удар или на
моментите на реакција при пуштање во работа.
Операторот може да ги контролира силите на повратниот
удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на
претпазливост.
б) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина
на прибор што се врти. Во случај на повратен удар,
приборот може да биде исфрлен врз вашата рака.
82
МАКЕДОНСКИ
в) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое
електро-алатот се движи во случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна
насока од насоката на движење на дискот за брусење на
местото за спојување.
г) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива
од и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли,
остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот
прибор е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење
на контролата или повратен удар.
д) Не употребувајте ланчан диск или забест диск за
сечење. Таквиот прибор честопати предизвикува повратен
удар или губење на контролата над електро-алатот.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување
a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење
што се одобрени за вашиот електро-алат како и
заштитната капа што е предвидена за таквите алати за
брусење. Алати за брусење, коишто не се предвидени за
електро-алатот, не можат да бидат доволно заштитени и се
несигурни.
б) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за
препорачаните можности за употреба.
в) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што
сте ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со
исправна големина и форма. Соодветните фланши го
заштитуваат дискот за брусење и на тој начин ја
намалуваат опасноста од кршење на дискот за брусење.
Фланшите за дискови за делење можат да се разликуваат
од фланшите за други дискови за брусење.
г) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за
поголеми електро-алати не се погодни за повисоките
броеви на вртежи кај помалите електро-алати и можат да
се скршат.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината. Исто
така препорачливо е да се носат очила, цврсти чевли кои
не се лизгаат и престилка.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
По исклучувањето машибата нема веднаш да се смири.
(Задоцнета работа на работното вретено). Дозволете и на
машината комплетно да сопре пред да ја спуштите.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Користете само алати чија даозволена брзина е најмалку
колку највисоката брзина на машината без оптоварување.
Проверете ги глодачките алати пред употреба. Глодачката
алатка мора да биде соодветно монтирана и слободно
вртлива. Направете тест во траење од минимум 30 секунди
без оптоварување. Не користете оштетени, изместени или
глодачки алати кои вибрираат.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри.
Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик
од пожар, запалливи матери не смеат да бидат лоцирани
во близина (зона на искрење). Не користете издув за прав.
Треба да се поведе соодветна грижа за искрите или
честичките од камена прашина кои летаат од
обработуваното парче да не дојдат во контакт со вас.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се
почне со работа со машината.
Во случај на ефект од екстремни електромагнетни пречки
од надвор, може да дојде до привремено варирање на
брзината на ротација во одредени случаеви може да се
зголеми.
Секогаш користете ги и чувајте ги глодачките дискови
согласно препораките на производителот.
Парчето кое се обработува мора да се прицврсти доколку
не е доволно тешко за да биде стабилно. Никогаш не го
насочувајте работното парче кон глодачкиот диск со рака.
Осигурете се дека алатот за глодање е инсталиран
соодветно препораките на производителот.
Димензијата на глодачкиот алат мора да биде соодветен на
глодалката.
При прашливи зафати, вентилациските отвори на
машината мора да бидат сочувани отворени, исклучете го
напојувањето на машината и исчистете ја правта. За ова
користете неметални предмети, при тоа внимавајќи да не
се оштетат внатрешните делови.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вистинските глодачи се погодни за глодање дрво, метал,
пластика или слични материјали, особено на тешко
достапни места и агли.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој производ
е во сообразност со следните стандарди и
стандардизирани документи. EN 60745, EN 55014-1, EN
55014-2, EN 61000-3-2, EN 61000-3-3, и е во согласност со
прописите 2006/42/EC, 2004/108/EC
Winnenden, 2010-07-23
Rainer Kumpf
Manager Product Development
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот
напон наведен на плочката. Можно е исто така и
поврзување на приклучок без заземјување доколку
изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот
како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и
порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно
кај: AEG Elektrowerkzeuge, Max-Eyth-Straße 10,
D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Секогаш носете ракавици кога ја користите
машината.
Секогаш пред спроведување на каков и да
е зафат врз машината исклучете го
кабелот од приклучокот.
Не ги фрлајте електричните апарати
заедно со другиот домашен отпад!
Европска регулатива 2002/96/EC за
одлагање на електична и електронска
опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните
апарати кои го достигнале крајот на својот
животен век мора да бидат одвоено
собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
МАКЕДОНСКИ
83

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gsl 600 e

Tabla de contenido