Bosch PBD 40 Manual Original página 191

Ocultar thumbs Ver también para PBD 40:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
Со прекинувачот за избор на брзина (21) може
претходно да се избере 2 опсегот на вртежи.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење.
– Свртете го прекинувачот за избор на брзина (21) во
саканата позиција.
Доколку прекинувачот за избор на брзини (21) не може
да се вметне до крај, свртете ја малку главата за дупчење
со бургијата.
Електронско регулирање на бројот на вртежи
(види слика H)
Со помош на регулаторот на број на вртежи (15) може
бесстепено да го подесите бројот на вртежи на
електричниот алат.
– За да го активирате електричниот алат свртете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во
позиција 
.
– Со помош на копчето променете го (33) полето на
приказ на екранот на „Speed".
– Вртете го регулаторот на број на вртежи (15) додека
на екранот (14) не се прикаже саканиот број на
вртежи.
Совети при работењето
Општи напомени
Пред дупчењето, осигурајте се дека брзиот
затегнувач (3), паралелниот граничник (19) или
машинското менгеме (опрема) цврсто се затегнати.
Доколку бургијата излезе од делот за обработка, таа
може да се заглави во него и да го повлече. Затоа, на
крајот од дупчењето, забавете го движењето и
притисокот.
Доколку се блокира алатот за вметнување, исклучете го
електричниот алат. Оставете да се оладат алатот за
вметнување и делот за обработка. Отстранете ги
струготините од дупчењето. Откријте ја причината за
заглавување на алатот што за вметнување и отстранете ја
пречката.
Специјални напомени за дупчење во метал
За да го издупчите, набодете го делот за обработка од
метал.
Направете мала дупка, пред дупчење на дијаметри
поголеми од 10 mm.
За ладење на местото на дупчење користете масло за
подмачкување (на пр. Bosch универзално масло за
подмачкување), за подобра работа.
Позиција на корисникот
Застанете пред електричниот алат. На тој начин
u
секогаш ќе имате добар поглед на местото на дупчење.
Bosch Power Tools
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот алат за вметнување.
– Не ги прекрстувајте рацете пред погонската единица.
Дупчење
– Поставете го делот за обработка на основната
плоча (1).
– Поставете ја висината на погонската единица.
– Израмнете го делот за обработка со помош на ласерот
со вкрстени линии.
– Прицврстете го делот за обработка.
– Поставете го соодветниот број на вртежи.
– Вклучете го електричниот алат.
– За дупчење, свртете го вртливото тркалце (11) со
рамномерен притисок додека не се постигне саканата
длабочина на дупчење.
– Доколку се постигне саканата длабочина на дупчење,
вратете го вртливото тркалце (11) назад, додека не се
врати погонската единица во стартна позиција.
– Исклучете го електричниот алат.
Приказ на длабочината на дупчење (види слика I)
Со помош на екранот (14) може да се прикаже
моменталната длабочина на дупчење.
– По поставување на бројот на вртежи, со помош на
копчето (33) променете го полето на приказ на
екранот на „Depth".
– Поставете ја висината на погонската единица.
– Поставете го полека врвот на бургијата на делот за
обработка.
– Притиснете го копчето (34) за да ја утврдите нулта
точката.
На екранот (14) се прикажува приказот „Reset".
– Дупчете со рамномерен притисок, додека не се
прикаже саканата длабочина на екранот.
Подесување на длабочината на дупчење
(види слика J)
Со граничникот за длабочина (9) може да ја утврдите
длабочината на дупчење t.
– Олабавете го затезниот лост (8) во насока спротивна
на стрелките од часовникот.
– Направете пробно дупчење. Доколку на екранот се
прикаже (14) саканата длабочина на дупчење t,
повторно прицврстете го затезниот лост (8).
На тој начин, за следните дупчења, длабочината на
дупчење е ограничена на t.
Транспорт (види слика K)
– При транспорт, држете го електричниот алат со двете
раце на основната плоча (1) (➊) или со една рака на
столбот за дупчење (4) (➋).
Не го ставајте електричниот алат на вртливото
тркалце (11) (➌).
Македонски | 191
1 609 92A 4N5 | (25.09.2020)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido