ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
5 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
6 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
•
Комбиниран прекинувач за вклучување/исклучување
и за контрола на брзината A 2
- брзината се контролира на степени од нула до
максимум со применување помалку или повеќе
сила врз активаторот
•
Полнење на акумулаторска батерија
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
•
Вадење/инсталирање на батеријата 2
Прицврстување на клипот за ремен 7
•
- прицврстете го клипот за ремен J на дупчалката со
испорачаната завртка.
Индикатор за нивото на батеријата 8
•
- притиснете на индикаторот за нивото на батеријата
K за да се прикаже тековното ниво на батеријата
8 a
! ако по притискање на копчето K 8 b почне
да трепка индикаторот за најниско ниво на
батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почне да трепка индикаторот за
нивоата на батеријата 2 по притискање на
копчето K 8 c, батеријата не е во рамките на
дозволениот опсег за работна температура
•
ЛЕД-светилки r
ЛЕД-светилката автоматски се пали кога ќе се
активира прекинувачот за вклучување/исклучување
! кога трепка ЛЕД-светилката, се активира
заштитата на батеријата (види подолу)
•
Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се
вклучи, кога
- товарот е преголем --> отстранете го товарот и
почнете повторно
- температурата на батеријата не е во рамките
на дозволениот опсег на работна температура
од -20 до +50°C --> 2 нивоата на индикаторот за
ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе
го притиснете копчето K 8 c; почекајте батеријата
да се врати во рамките на дозволениот опсег на
работна температура
- батеријата е скоро празна (заштита од целосно
празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ќе се прикаже ниско ниво на батеријата
или ќе трепка за ниско ниво на батеријата 8 b
кога ќе притиснете на копчето K; наполнете ја
батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
•
Промена на насоката на ротација 9
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A 2 нема да може да стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
•
Промена на бургиите q
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
•
Контрола на вртежниот момент (VariTorque) w
- излезниот обрт ќе се зголемува ако прстенот на
активаторот B се врти од 1 кон 17; позицијата C ќе
го заклучи активаторот за да се овозможи дупчење
или извршување тешки работи
- при завртување на некоја завртка најпрво
започнете со положбата 1 (VariTorque) и потоа
полека зголемувајте до достигнување на саканата
длабочина
•
Избор на механички запченик e
- поставете го селекторот D на саканата брзина
! вклучете го изборот на брзини додека алатот
работи бавно
1
- пониска брзина
- голем момент на вртење
- за завртување и дупчење на отвори со голем
дијаметар
- за вибрациски навој
2
- повисока брзина
- низок момент на вртење
- за вибрациско дупчење
- за дупчење отвори со мал дијаметар
•
Држење и насочување на алатот t
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење H 2 држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
•
Користете соодветни бургии y
! употребувајте само остри бургии
•
При дупчење во метал
- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да
издупчите поголема дупка
- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на
време
•
При навртување на штрафовите на краевите на
дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да
се избегне разлистување на дрвото
•
За оптимална употреба на апаратот потребен е
постојан притисок на завртката, особено во текот на
одвртувањето
•
При завртување на завртката во тврдо дрво
претходно треба да се издупчи дупка
•
Дупчење на дрво без разлистување u
•
Дупчење на дрво без прашина i
•
Дупчење на плочки без лизгање o
•
За повеќе информации видете на www.skil.com
115