MK
5. Ставете го контактниот клуч во бравата за
палење (02/4).
6. Завртете го контактниот клуч во позиција
„III" и задржете го така сè додека не
стартува моторот.
Напомена: За заштита на
акумулаторот обидот за стартување
не би требало да трае подолго од околу
5 секунди.
7. Потоа отпуштете го контактниот клуч, тој
автоматски скокнува во позиција „II".
8. Поместете го регулаторот (02/2) за бројот
на вртежи на моторот во работна
позиција. Кај варијанта на опремата со
копче за дизна повторно притиснете го
истото навнатре (02/1).
Исклучување на моторот
1. Исклучете ја алатката за косење (02/5).
2. Ставете го регулаторот (02/2) за бројот на
вртежи на моторот во позиција за работа
на празно.
3. Притиснете ја педалата за кочење (05/1) и
заклучете ја со лостот за заклучување
(05/2).
4. Завртете го контактниот клуч (02/4) во
позиција „0".
5. Извлечете го контактниот клуч.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
топлиот мотор! Кога го запирате моторот
внимавајте на тоа топлите делови на моторот
(на пр. придушувачот на звукот) да не можат
да ги запалат предметите или материјалите
лоцирани во близина!
7.5
Возење со тракторот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
неприлагодена брзина! Возете особено на
почеток полека за да се навикнете на
возењето и кочењето на тракторот! Пред
секоја промена на насоката треба да се
намали брзината на возење така што возачот
да ја задржи контролата над тракторската
косилка во секое време а истовремено истиот
и да не може да се преврти!
Вашиот трактор се придвижува преку ножен
хидростатичен менувач.
510
7.5.1
Подготвување за возење при
температури под 10 °C
1. Проверете да НЕ е вклучена алатката за
косење. За да го направите тоа, проверете
ја преклопната склопка (02/5, позиција „0").
2. Стартувајте го моторот и оставете го да
работи околу 30 секунди за да се загрее и
да се оптимизира вискозноста на маслото
за менувачот. Потоа можете да го возите
тракторот. Да не ја вклучувате алатката за
косење сè додека моторот не поработи
неколку минути.
7.5.2
Возење со ножен хидростатичен
менувач
1. Притиснете ја педалата за кочење (05/1) и
заклучете ја со лостот за заклучување
(05/2).
2. Ставете ја алатката за косење на
највисоката висина на косење (06/2).
3. Стартувајте го моторот.
4. Притиснете ја кочницата (05/1).
5. Полека притиснете ја ножната педала за
саканата насока на возење:
■
Напред: Ножна педала (04/2)
■
Назад: Ножна педала (04/1)
6. Колку што подалеку ја притискате
педалата, толку побрзо се движи
тракторот во избраната насока.
7. За запирање, отпуштете ја ножната
педала и притиснете ја кочницата (05/1).
НАПОМЕНА Кога го напуштате
тракторот, секогаш активирајте го лостот за
заклучување со притисната педала за
кочницата за да не може да се оттркала
тракторот!
7.5.3
Возење со темпомат
НАПОМЕНА Темпоматот може да се
вклучи само во возење нанапред. При
притискање на кочницата, темпоматот се
исклучува автоматски.
Вклучување/исклучување на темпоматот:
■
Свртете ја рачката (02/3) на нагоре.
Темпоматот се вклучува.
■
Свртете ја рачката (02/3) на надолу.
Темпоматот се исклучува.
Работење со тракторот
493516_a