Skil 1144 Manual Original página 128

Ocultar thumbs Ver también para 1144:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
обрт или силата на повратниот удар ако ги преземе
неопходните безбедносни мерки.
b) Никогаш не ставајте ја раката близу опремата
којашто се врти. Опремата може да удри повратно
преку раката.
c) Не поставувајте го телото во областа каде алатот
би се придвижил ако дојде до повратен удар.
Повратниот удар ќе го потисне алатот во правец
обратен од вртењето на тркалото во моментот на
потфаќање.
d) Обрнете особено внимание кога работите кај
агли, остри рабови и слично. Избегнувајте
потскокнување и потфаќање на дополнителната
опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето
имаат тенденција да ја потфатат дополнителната
опрема којашто се врти и на тој начин да изгубите
контрола или да предизвикате повратен удар.
e) Не ставајте сечиво за резбарење на моторна
пила или сечиво на пила со запци. Таквите сечива
предизвикуваат чести повратни удари и загуба на
контролата.
ОПШТИ
• Користете го овој алат само за полирање
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
ПРИБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
• За поставување и користење на приборите кои не се
SKIL погледнете го упатството на производителот
• Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
• Никогаш не користете прибор со отвор на "слепи"
навивки помали од М14 х 21мм
• Не користете оштетена, деформирана или опрема
којашто вибрира
• Внимателно ракувајте и чувајте приборот
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
• Кога го користите на отворено, поврзете го алатот
преку осигурувач за струја (FI) за погрешно
напојување во струја за прекинување со максимум
30 mA и користете продолжен кабел којшто е
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Секогаш поставувајте ја дополнителната рачка A 2;
никогаш не користете го алатот без неа
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној кој
работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме
е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Немојте да го прицврстувате електричниот алат во
менгеме
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Кога работите, цврсто држете го алатот со двете раце
и заземете безбеден став
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Доколку дојде до прекин на струја или случајно
откачување на приклучокот, отпуштете го
прекинувачот J 2 за да попречите неконтролирано
повторно подвижување
ПО УПОТРЕБА
• Исклучете го моторот пред да го спуштите алатот и
проверете дали сите подвижни делови се комплетно
застанати
• По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не
го запирајте вртењето на приборот со користење на
странична сила
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
4 Носете заштитни очила и заштита за ушите
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Поставување на помошната рачка 7
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- поставете ја дополнителната рачка A како што е
прикажано на сликата и затегнете ги двата шрафа
со доставениот клуч B
• Поставување на приборот 8
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- исчистете го вретеното C и сите делови што ќе ги
поставите
128

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

F0151144 serie

Tabla de contenido