Акумулатор / Полнач За Акумулаторот; Заштита На Животната Средина; Запознајте Ја Машината; Опис На Машината Ипредвидена Употреба - Stiga MCS 470 Li 48 Serie Manual De Instrucciones

Cortadora de pasto por batería con operador de pie
Ocultar thumbs Ver también para MCS 470 Li 48 Serie:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 131
Одржување
• Никогаш не користете ја машината со
користени или оштетени делови. Оштетените
или дефектните делови треба да се
заменат, никогаш да не се поправаат.
• Во текот на операциите за регулирање на машината,
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви
се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во
движење и фиксните делови на машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова
упатство се максимални вредности при употреба
на машината. Употребата на сечило коешто не
е стабилно, движењето со преголема брзина,
неодржувањето на машината значително влијаат
врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа,
неопходно е да применувате заштитни мерки за да
елиминирате можни оштетувања заради зголемена
бучава или значителни вибрации; Редовно
одржувајте ја машината, носете слушалки против
бучава и правете паузи во работата.
Складирање
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте
полни контејнери со остатоци во просторијата.
2.5
АКУМУЛАТОР / ПОЛНАЧ ЗА АКУМУЛАТОРОТ
ВАЖНО Следните безбедносни мерки ги
опфаќаат безбедносните барања наведени
во упатството за батеријата и за полначот
на батеријата, доставени со машината.
• Користете само полначи за полнење на батериите
што ги препорачува производителот. Несоодветен
полнач за батеријата може да предизвика
електричен удар, прегревање или протекување
на корозивната течност од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации
што се предвидени за вашиот апарат.
Употреба на други батерии може да
предизвика повреди и ризик од пламен.
• Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја
ставите батеријата. Ставање батерија во вклучен
електричен апарат може да предизвика пожар.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку
од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли,
навртки и други мали метални предмети што
може да предизвикаат краток спој на контактите.
Краток спој на контактите на батеријата
може да доведе до експлозија и пламен.
• Не го користете полначот за акумулатор на места
каде што има запаливи пареи, супстанции или лесно
запаливи површини, како што се хартија, ткаенина
и слично. За време на полнењето, акумулаторот
се загрева и може да предизвика пожар.
• За време на транспорт на акумулаторите, обрнете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу
себе и не користете метални кутии за транспорт.
2.6
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина мора да биде
приоритет при користењето на машината, во корист
на заедницата и животната средина во која живееме.
• Не го нарушувајте мирот во околината каде
живеете. Користете ја машината само во
разумно време (не многу рано наутро и доцна
навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
• Почитувајте ги локалните прописи за отстранување
на пакувањето, искористените делови или други
делови што имаат силно влијание врз животната
средина овие отпадоци не се фрлаат во ѓубре,
туку треба да бидат разделени и да се достават
до соодветни центри за собирање на истите, кои
ќе се погрижат за рециклирање на материјалите.
• Придржувајте се до локалните одредби за
отстранување на отпадни материјали.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата, туку
предајте ја во собирен центар во согласност
со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните апарати
заедно со домашен отпад. Во согласност
со Европската директива 2012/19/EU
за отпадна електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во
согласност со националните стандарди,
старата електрична опрема мора да се собира
посебно, за еко-компатибилно рециклирање. Ако
електричните апарати се одложат на ѓубриште
или на земја, штетните состојки може да стапат во
контакт со елементите во почвата и да навлезат
во синџирот на исхрана, со што ќе се нарушат
вашето здравје и благосостојбата. За подетални
информации околу фрлањето на овој производ,
контактирајте со компетентни институции за
фрлање домашен отпад или со застапникот.
Откако ќе ѝ помине рокот на употреба,
извадете ја батеријата обрнувајќи
внимание на животната средина.
Батеријата содржи материјал што е
опасен за вас и за средината. Треба
да се извади и расклопи во засебен
сад што може да содржи литиумски јони.
Засебното собирање на производите и
искористените пакувања овозможува
рециклирање на материјалите и
повторна употреба. повторната
употреба на рециклираните материјали
спречува штета на животната средина и
ја намалува потребата за примарни материјали.
3.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1
ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е тревокосачка со оператор што се
движи.
Машината во основа се состои од мотор којшто
ги придвижува сечилата затворен во куќиште,
и исто така е опремена со тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со
машината и да ги вклучува главните команди
држејќи се секогаш зад ракофатот и на безбедно
растојание од ротирачкиот уред со сечивото.
Оддалечувањето на операторот од
машината предизвикува запирање на и на
ротирачкиот уред по неколку секунди.
3.1.1
Предвидена употреба
Оваа машина е наменета и изработена за
косење трева во градина и тревни површини,
и димензиите соодветствуваат со капацитетот
на косење на машината; управувана од
страна на оператор што се движи.
Генерално, оваа машина може:
Да коси трева, да ја сецка и да ја распредели на земја
(ефект на мулчирање).
Употребата на одредена дополнителна опрема
којашто ја предвидел производителот како
оригинална опрема и делови што се набавуваат
засебно, дозволуваат да ја завршите оваа работа
на различни работни начини, претставени во
ова упатство и во упатството што се доставува
со дадената дополнителна опрема.
MK - 3

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Mcs 470 li d48 serieMcs 500 li d48 serieMp2 500 li d48 serie

Tabla de contenido