Gorenje DF 6315 X Montaje Y Modo De Empleo página 104

Ocultar thumbs Ver también para DF 6315 X:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 47
MK - Упатство за монтажа и ракување
Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој
прирачник.. Ние одбиваме билокаква одговорност за
билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на
апаратот како резултат на неследење на упатствата
вклучени во овој прирачник. Аспираторот е наменет
исклучиво за домашна употреба.
!
Важно е да го зачувате ова упатство за да би можеле
да го консултирате во било кој момент. Во случај на
продажба, расходување или на преместување, нека
остане заедно со производот.
!
Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има
важни информации за инсталирањето, за употребата
и за безбедноста.
!
Не вршете електрични или механички измени на
производот или на издувните канали.
Забелешка: Додатоците означени со симболот "(*)" се
факултативен додатен прибор кои се вклучени само во
неколку модели, а ако не се вклучени во моделот треба да
се набават.
Важни совети
Предупредување! Да не го поврзувате апаратот со
електричното напојување се додека монтажата не биде
целосно комплетна.
Пред билокаква операција за чистење или одржување,
исклучете го аспираторот од електричната мрежа со
вадење на струјниот приклучник или со исклучување на
домашниот мрежен прекинувач.
За сите операции за монтажа и одржување да се користат
работни ракавици
Овој апарат не е наменет за користење од страна на деца
или лица со намалени физички, сензорни или ментални
способности, или ако немаат искуство или знаење,
доколку не се под надзор или се имаат обучувано за
употреба на апаратот од лице одговорно за нивната
безбедност.
Треба да се внимава, децата да не си играат со уредот.
Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате
правилно монтирано решетката!
Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како
површина за поддршка доколку не е прецизно наведено.
Просторијата мора да биде доволно проветрена кога
кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои
согоруваат гас или други горива.
Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак
за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други
горива.
Строго се забранува фламбирање на храната под самиот
аспиратор.
Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и
може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да
се избегнува во сите околности.
Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се
спречи да не дојде до презагревање на маслото и
пламнување.
Пристапните делови од аспираторот можат значително да
се загреат кога се користи заедно уред за готвење.
Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за
примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се
следат правилата дадени од компетентните власти.
Аспираторот мора редовно да се чисти како од
внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ
ЕДНАШ МЕСЕЧНО, во секој случај потребно е да се
постапува во согласност со упатствата за одржување
дадени во овој прирачник).
Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и
чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари.
Да не го користите или оставате аспираторот без
правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од
електричен удар.
Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков
проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како
резултат на неследење на упатствата вклучени во овој
прирачник.
Овој апарат е обележан согласно Европската директива
2002/96/EC за Искористена Електрична и Електронска
Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE).
Со правилно отстранување на овој производ помагате да
се спречат потенцијалните негативни последици за
околината и здравјето на човекот, што инаку би се
предизвикале од несоодветното третирање како отпадок
на овој производ.
Симболот
или на документите кои одат со производот, покажува
дека тој апарат не смее да се третира како комунален
отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното
место за собирање за рециклирање на електрична и
електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши
во согласност со локалните прописи за животната средина
за отстранување на отпаден материјал. За повеќе
детаљни информации за третманот, поправањето и
рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте
со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или
со продавницата од каде го имате купено производот.
Употреба
Аспираторот може да се користи во вид со надворешно
исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со
кружно струење на воздухот.
104
прецртана канта за ѓубре на производот

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido