Решавање Проблеми - Skil 0731 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para 0731:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 34
• Поткастрување
! проверете дали областа за косење е без
камења, отпадоци и други страни предмети
! започнете со поткастрување само кога
машината работи со полна брзина
- започнете со поткастрување откај приклучокот за
напојување и оддалечувајте се додека работите
- сечете ја високата трева во слоеви (секогаш
започнете од горе)
- секогаш кастрете со врвот на конецот за косење
- не сечете влажна или мокра трева
- спречете исечената трева да се лепи на калемот
(не косете предолго)
- не преотоварувајте ја машината
- сечете внимателно околу дрва и грмушки и
спречете нивен контакт со конецот
- користете го штитникот за цвеќе H $ за да го
заштитите осетливото цвеќе
- држете ја машината подалеку од цврсти предмети
за да го заштитите конецот од прекумерно абење
- внамавајте на повратниот удар што може да се
појави кога ќе се допрат цврсти предмети
• Држење и насочување на алатот %
- при сечење висока трева, бавно замавнувајте со
машината оддесно налево и обратно
- закосете ја машината при сечење ниска трева
како што е прикажано
- свртете ја главата за косење за 180° при
поткастрување рабови како што е посочено на
сликата (можно е само кога долната цевка E е
фиксирана на една од трите позиции за
висина)
- цврсто држете ја машината со двете раце за да
имате постојано целосна контрола врз неа
- заземете стабилна позиција за работа
- секогаш држете ја машината далеку од телото
• Подавање конец ^
- два конци за косење ќе се отпуштат и ќе се исечат
со точната должина за конецот со сечивото за
конецот J секојпат кога ќе се вклучи алатот
! внимавајте да не се повредите од сечивото за
сечење на конецот J
- по подавање конец, секогаш вратете го алатот во
нормална положба за работа пред да го вклучите
- подавајте конец редовно за да се одржи
комплетен циклус на сечење
- кога моторот работи без оптеретување и не се
коси трева, ако конецот е потрошен или скинат;
намотајте го калемот или заменете го системот со
калемот
• Мотање на калемот &
Во случај кога конецот нема да излезе од главата со
калемот K
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- извадете го системот со калемот и извадете го
калемот од главата K
- цврсто намотајте ги двата конци за косење
рамномерно во слоеви во правец на стрелката
- вметнете ги двата конци во отворите на калемот Х
и проверете дали се поставени безбедно на место
(оставете доволно должина на конецот)
- протнете ги двата конци низ отворите на калемот
Y пред да го ставите намотаниот калем во главата
за калемот K
! проверете дали калемот е цврсто поставен во
лежиштето и потоа пуштете ги двата конци од
отворите Х со цврсто повлекување
- поставете го системот со калемот на алатот
(вртете го калемот во правецот на стрелките
на часовникот додека не кликне на своето
место) *
• Замена на калемот *
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- едноставно извадете/поставете стар/нов калем
како што е прикажано
- откако ќе го смените калемот, вклучете ја пробно
машината најмалку една минута без оптоварување
за да проверите дали работи правилно
! обезбедете машината да биде исклучена кога
ќе ја приклучувате во струја
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Секогаш исклучете го приклучокот од извор на
струја пред чистење и/или одржување
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење)
- чистете ја машината со влажна крпа (не користете
средства за чистење или растворувачи)
- исчистете ги сечивото за сечење на конецот J 0 и
штитникот C 0 по секоја употреба
- чистете ги отворите за вентилација L 0 редовно,
со четка или компресиран воздух
• Редовно проверувајте ја состојбата на главата за
сечење и затегнатоста на завртките, навртките и
шрафовите
• Редовно проверувајте дали деловите се оштетени
или изабени и поправете/заменете ги ако е
неопходно
• Чување (
- чувајте ја машината во затворен простор на суво
и затворено место и подалеку од дофат на деца
- внимателно поставете ја шината за складирање M
на ѕид со 4 шрафа (не се доставуваат) и
порамнете хоризонтално
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
• Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот ако
истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! исклучете ја машината и извадете го
приклучокот пред да го истражувате
проблемот
95

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido