Skil 4951 Manual Original página 96

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПОВРТАТНА ПИЛА
Држете го алатот за изолираните површини
за зафаќање кога извршувате работа при која
што дополнителната опрема за сечење може
да дојде во контакт со сокриените жици или со
кабелот (ако дополнителната опрема за сечење
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
Користете стегачи или друг практичен начин за
да го обезбедите и потпрете парчето за работа
на стабилна платформа (парчето за работа е
нестабилно ако го држите парчето со рака или
потпрено на телото со што може да ја загубите
контролата)
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
ПРЕД УПОТРЕБА
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
Никогаш не користете го алатот кога кабелот е
оштетен; тој мора да се замени со специјално
подготвен кабел достапен преку организацијата на
услуги.
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
ЛИЧНА ЗАШТИТА
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Држете ги рацете подалеку од површината за
сечење и сечилото; држете ја другата рака на
кружната дршка E (доколку двете раце ја држат
пилата, може да бидат исечени од сечалото)
Не посегнувајте под материјалот кој го
обработувате (близината на сечилото до вашата
рака во тој случај нема да ви биде видлива)
Никогаш не држете го материјалот кој се сече во
вашите раце или преку вашата нога (битно е да
се зацврсти обработката соодветно, за да се намали
изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото
или губењето на контрола)
Не користете тапо или оштетено сечило
(кривите сечила лесно може да се скршат или да
предизвикаат повратен удар)
Користете заштитни ракавици кога го
отстранувате сечилото од алатот (сечилото на
пилата може да се загрее по подолга употреба)
Носете заштитни очила и заштита за ушите
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
Комбиниран прекинувач за вклучување/исклучување
и за контрола на брзината 6 7
- алатот вклучете/исклучете го со повлекување/
пуштање на прекинувачот A
- брзината се контролира на степени од нула до
максимум со применување помалку или повеќе
сила врз активаторот
Монтирање на сечилото за пилата 8
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- свртете го држачот за сечилото B во правецот на
стрелката C на алатот и држете го во таа позиција
- вметнете го сечилото (со запците надолу или
нагоре) до крај
- пуштете го држачот за сечилото B
- турнете го и извлечете го сечилото за да проверите
дали е правилно наместено
Отстранување на сечилото 8
- свртете го држачот за сечилото B во правецот на
стрелката C на алатот и држете го во таа позиција
- извлечете го сечилото
- пуштете го држачот за сечилото B
Работа со алатот
! зацврстете го материјалот кој го обработувате
- означете ги линиите за сечење на обработката
- вклучете го штекерот во извор на струја
96

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

4961

Tabla de contenido