Безбедносни Мерки - GGP ITALY CR 430 Serie Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para CR 430 Serie:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
MK
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
ДО КОИ ТРЕБА СТРОГО ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ
ВАЖНО - ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ МАШИНАТА 
ЗАЧУВАЈТЕ ГО ИДНИ НАВРАЌАЊА
ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно тревокосачка со оператор 
на нозе.
Машината во основа се состои од мотор којшто придвижува сечиво сместено во картер и 
има тркала и рачка. Операторот е во позиција да управува со машината и да ги вклучува 
главните команди држејќи се секогаш зад рачката и на безбедно растојание од сечивото 
што се врти. Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува запирање на 
моторот и на сечивото по неколку секунди.
Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за косење (и собирање) трева во градини и 
на тревни површини со опсег наведен кај капацитетот за косење што се спроведува во 
присуство на оператор којшто оди.
Присуството на дополнителната опрема и на одредени уреди овозможува собирање на 
покосената трева, но може и да го предизвикува ефектот на „дробење" и положување на 
покосената трева врз теренот. 
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба може да претставува опасност и да предизвика повреди и 
штети за лица и/или предмети. Настануваат при неправилна употреба (како на пример, 
но не е ограничено на следното):
–  превоз на лица, деца или животни врз машината,
–  при транспорт на машината,
–  употреба на машината за влечење или буткање товар,
–  употреба на машината за собирање лисја или гранки,
–  употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација што не е трева,
–  употреба на машината од страна на повеќе луѓе,
–  вклучување на сечивото врз терени на кои нема трева.
 A)  ОБУКА
1) Внимателно прочитајте ги упатствата.  Запознајте  се со командите и со правилното 
користење на машината. Научете бргу да го запирате моторот.
2) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината или други лица кои не се 
детално запознаени со упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минимал-
ната возраст на корисникот.
3) Никогаш не користете ја тревокосачката: 
–      к ога во непосредна близина има други лица, особено деца или животни;
–      д околку  корисникот  користел  лекови  или  други  штетни  супстанци  што  влијаат  врз 
капацитетот за навремено реагирање и внимание.
4) Имајте на ум дека корисникот или операторот се одговорни за незгодите или опасно-
стите по други лица или нивниот имот.
 Б)  ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1)  Во  текот  на  косењето,  секогаш  носете  цврсти  обувки  и  долги  пантолони.  Не 
вклучувајте  ја  тревокосачката  со  боси  нозе  или  отворени  сандали.  Избегнувајте  да 
носите облека со делови што се виорат или имаат реси или ленти.
2)  Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете сe што би можело да 
биде отфрлено од машината и да ги оштети сечивото и моторот (камења, гранки, железни 
остатоци, коски, итн.).
3)  Пред употреба, направете детален преглед со особено внимание на сечивата и про-
верете дали навртките и уредот за косење се изабени или оштетени. Заменете ги сите 
сечива и оштетени или истрошени навртки за да ја одржите рамнотежата. Заменете ги 
оштетените или нечитливите етикети.
4)  Пред секоја употреба, проверете дали кабелот за напојување и на продолжниот при-
клучок имаат знаци на оштетување или знаци на истрошеност застареност. 9) Веднаш 
исклучете го приклучокот од штекер ако кабелот (или продолжниот кабел) се оштетени 
или пресечени. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД ИЗВОР НА 
НАПОЈУВАЊЕ. Не користете ја машината ако кабелот е оштетен или изабен. 
 В)  ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТАТА
1)  Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление. 
2)  Избегнувајте работа на мокра трева или додека врне. 
3)  Секогаш обезбедувајте правилно потпориште на закосени терени.
4)  Никогаш не трчајте, туку одете избегнувајќи при тоа да ве влече тревокосачката. 
5)  Косете попречно на закосен терен, никогаш нагоре – надолу. 
6)  Обрнете максимално внимание на промена на теренот при закосеност.
7)  Не косете на терени што се многу закосени. 
8)  Обрнете максимално внимание кога ја влечете тревокосачката кон себе. 
9)  Застанете го сечивото ако тревокосачката треба да се закоси при транспорт, кога 
се поминува преку терени без трева и кога тревокосачката се носи кон теренот на кој 
треба да се коси и обратно.
10)  Никогаш не вклучувајте ја машината ако заштитите се оштетени или нема вреќа за 
собирање на тревата или без заштити за испустот. 
11)  Внимателно  вклучете  го  моторот  според  упатството  и  држете  ги  нозете  подалеку 
од сечивото. 
12)  Не закосувајте ја тревокосачката кога го палите моторот освен ако тоа не е неоп-
ходно за палењето. Во тој случај, не закосувајте ја повеќе од потребното и подигнете го 
само делот што е подалеку од операторот. Секогаш проверувајте дали двете раце се во 
позиција за работа пред да ја спуштите тревокосачката.
13)  Не вклучувајте ја машината кога стоите пред отворот на испустот.
14)  Не приближувајте ги рацете или нозете до или под деловите што ротираат. Секогаш 
стојте оддалечено од отворот за празнење. 
15)  Не подигнувајте ја или не транспортирајте ја тревокосачката кога работи моторот. 
16)  Запрете ја машината и исклучете го кабелот за напојување. Проверете дали сите 
делови што се движат се застанати целосно:
–  при транспорт на тревокосачката,
–  секојпат кога ја оставате тревокосачката без надзор,
–  пред да ги отстранувате причините за блокирање или чистење на испусниот канал,
–  пред проверка, чистење или работа врз машината,
–    п о удар во страни предмети. Проверете дали има евентуални оштетувања на тревоко-
сачката и поправете ги пред да одново да ја користите машината. 
Доколку машината почне да вибрира на ненормален начин (проверете веднаш):
–  проверете дали има оштетувања, 
–  заменете или поправете ги оштетените делови во специјализиран сервисен центар,
–  проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги.
All manuals and user guides at all-guides.com
17)  Запрете го моторот:
–  секојпат кога ја вадите или поставувате корпата за покосена трева,
–  пред да ја регулирате висината на косење.
18)  Во  текот  на  работата,  секогаш  одржувајте  безбедно  растојание  од  ротирачките 
сечива која се определува со должината на ракофатот.
19)  ВНИМАНИЕ  –  Во  случај  на  дефект  или  инциденти  во  текот  на  работата,  веднаш 
исклучете го моторот и оддалечете ја машината внимавајќи да не предизвикате други 
оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, при-
стапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба 
и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. От-
странете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или 
повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината. 
 Г)  ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1)  Сите завртки и навртки одржувајте ги соодветно зацврстени за да бидете сигурни 
дека  машината  е  безбедна  за  работа.  Редовното  одржување  е  основен  предуслов  за 
безбедност и за одржување на нивото на ефикасност. 
2)  Честопати проверувајте ги заштитите за испустот и вреќата за собирање трева за да 
обезбедите дека може да се користат или се оштетени.  
3)  Во текот на операциите за регулирање на машината, обрнете внимание и избегнувајте 
прстите да ви се наоѓаат заглавени меѓу сечивото во движење и фиксните делови на 
машината. 
4)  Пред одлагање на машината, проверете дали се изладила.
5)  Во  текот  на  интервенциите  врз  сечивото,  внимавајте  бидејќи  сечивото  може  да  се 
придвижи и проверете дали машината е исклучена од струја.
6)  Заради безбедност, не употребувајте ја машината никогаш ако некои делови се во 
лоша состојба или се оштетени. Деловите треба да се заменат, никогаш да не се попра-
ваат. Користете оригинални резервни делови. Деловите со несоодветен квалитет може 
да ја оштетат машината и да ја загрозат личната безбедност. 
7)  За намалување на ризикот од запалување, ослободете ја тревокосачката, а особено 
моторот од остатоци од трева, листови и прекумерно масло. Не оставајте ги корпите со 
покосена трева во затворен простор.
 Д)  ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
1) Пред секоја употреба, проверете дали машината покажува знаци на оштетеност. Евен-
туалните поправки треба да се направат во специјализиран сервисен центар. Застанете 
ја машината и исклучете ја од извор на напојување ако почне да вибрира на ненормален 
начин и обратете се во специјализиран сервисен центар.
2) За време на палењето, двете раце треба да се ракофатот.
3) Изабените делови треба да се заменат во специјализиран сервисен центар.
4) Никогаш не користете ја машината ако кабелот за напојување или продолжниот кабел 
се оштетени или изабени.
5) Никогаш не поврзувајте оштетен кабел во извор за напојување и не допирајте оштетен 
кабел  што  е  веќе  поврзан  во  струја.  Оштетен  или  изабен  кабел  може  да  предизвика 
контакт со делови под напон.
6) Не допирајте го сечивото додека е машината поврзана во извор на напојување и до-
дека сечивото не запре да се движи докрај.
7) Држете го продолжниот кабел подалеку од сечивото. Сечивото може да го оштети 
кабелот и да предизвика контакт со делови под напон.
8) Прочитајте ги внимателно сите упатства за употреба на машината на безбеден начин. 
9) Yредот напојувајте го само преку диференцијал (RCD - уред за наизменична струја) со 
струја на прекин која не надминува 30 mA.
10) Ако кабелот за електрично напојување на машината е оштетен, треба да се замени 
само  со  оригинален  резервен  дел  од  страна  на  застапникот  или  во  специјализиран 
сервисен центар.
 Ѓ)  ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
1)  Трајното  поврзување  на  кој  и  да  било  електричен  апарат  во  ел.  мрежа  на  даден 
објект треба да го направи квалификуван електричар следејќи ги најстрого соодветните 
одредби. Некоректно поврзување може да предизвика сериозни повреди, вклучувајќи 
и смрт.
2)  ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Влажноста и ел. струја не се компатибилни:
–    р акувањето и поврзувањето на електричните кабли мора да се изведува на суво место,
–    н икогаш не спојувајте извор на електрична енергија или кабел во мокра зона (бара 
–    п оврзувањето  меѓу  каблите  и  штекерите  мора  да  биде  од  водоотпорен  материјал. 
3)  Каблите  за  напојување  треба  да  се  со  квалитет  не  помал  од  типот  H05RN–F  или 
H05VV–F со минимален пресек од 1,5 мм
4)  Пред да ја вклучите машината, прицврстете го кабелот за водилката. 
5)  Пред да започнете со работа, поставете ги заштитите на излезот (вреќа или заштити 
за излезот).
6)  Никогаш  не  поминувајте  со  тревокосачката  врз  електричниот  кабел.  За  време  на 
косење, треба секогаш да го влечете кабелот зад тревокосачката и секогаш кај штотуку 
покосената  трева.  Користете  ја  стегалката  за  кабелот  како  што  е  прикажано  во  ова 
упатство за да избегнете кабелот случајно да се заглави, обезбедувајќи истовремено 
правилно приклучување без притисок врз приклучокот.
7)  Никогаш не влечете ја тревокосачката за кабелот за напојување или не влечете го 
кабелот за да го исклучите од штекерот. Не изложувајте го кабелот на извори на топлина 
и не оставајте го близу масло, растворувачи или остри предмети. 
8)  Носете заштитни ракавици при вадење или повторно ставање на сечивото.
9)  Проверете  ја  изедначеноста  на  сечивото  по  острење.  Сите  операции  што  се  повр-
зани со сечивото (вадење, острење, изедначување, повторно ставање и/или замена) се 
одговорни работи и изискуваат специфична компетентност покрај соодветни алати. Од 
безбедносни причини, истите треба секогаш да ги извршува специјализиран сервисен 
центар. 
 Д)  ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на 
машината, треба:
–      д а носите заштитни ракавици,
–      д а ја зафатите машината на места кои нудат сигурен зафат, имајќи ја предвид 
–      д а ангажирате соодветен број луѓе во согласност со тежината на машината и карак-
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или 
синџири. 
или влажен терен);
Користете продолжен кабел од интегрирани и водоотпорни делови, кои може да се 
набават во трговија.
 и со препорачана максимална должина од 25 м. 
2
нејзината тежина и распределба на истата;
теристиките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе 
или земе истата. 
45

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Cs 430 serieCr 480 serieCs 480 serieCrl 480Csl 480

Tabla de contenido