Работа
5.2
Ставање и вадење на
акумулаторските батерии (04)
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на
акумулаторската батерија. Ако
акумулаторската батерија по употребата се
остави во уредот, тоа може да доведе до
оштетување на акумулаторската батерија.
■
Непосредно по употреба извадете ја
акумулаторската батерија од уредот и
складирајте ја заштитено од мраз.
■
Ставете ја акумулаторската батерија во
уредот дури непосредно пред
започнувањето со работа.
Ставање на акумулаторските батерии
1. Отклопете го капакот (04/1) на отворот за
акумулаторската батерија (04/а).
2. Вметнете ги акумулаторските батерии
(04/2) од горе во отворот за батеријата сè
додека не се вклештат (04/b).
3. Затворете го капакот на отворот за
акумулаторска батерија.
Вадење на акумулаторските батерии
1. Притиснете го копчето за отклучување на
акумулаторската батерија и држете го
притиснато.
2. Извадете ги акумулаторските батерии
(04/2).
5.3
Вклучување и исклучување на
напојувањето со струја (05)
Со прекинувачот со клуч на отворот за
акумулаторска батерија може да се вклучува
и исклучува напојувањето со струја на целиот
уред. Прекинувачот со клуч се ракува со
сигурносниот клуч.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда. Ненамерното вклучување може да
доведе до тешки повреди.
■
Секогаш пред работни паузи и
одржувања: За исклучување на
напојувањето со струја завртете го
сигурносниот клуч во позиција за
исклучување (Off) а потоа извлечете го.
Вклучување на напојувањето со струја
1. Отклопете го капакот (04/1) на отворот за
акумулаторската батерија (04/а).
2. Вметнете (05/a) го сигурносниот клуч
(05/1) во прекинувачот со клуч (05/2).
3. Завртете го сигурносниот клуч во позиција
за вклучување (On) (поз. I). Со тоа се
443121_a
напојува уредот со работен напон но
сепак сè уште не почнува да работи.
4. Заклопете го капакот на отворот за
акумулаторска батерија (04/1).
5. Вклучете го уредот: види Поглавје 6.3
"Стартување или запирање на моторот
(09 или 10)", страна 332.
Исклучување на напојувањето со струја
1. Завртете го сигурносниот клуч (05/1) во
позиција за исклучување (Off) (поз. 0) и
извлечете го (05/b).
2. Непосредно по употреба извадете ги
акумулаторските батерии од уредот,
наполнете ги и складирајте ги заштитено
од мраз. Ставете ги акумулаторските
батерии во уредот дури непосредно пред
следното користење.
6 РАБОТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од
нецелосно монтирање! Работењето на
нецелосно монтиран уред може да доведе до
тешки повреди.
■
Користете го уредот само ако е целосно
монтиран!
■
Ставете ја акумулаторската батерија дури
тогаш кога уредот е целосно монтиран!
■
Пред вклучувањето проверете дали се
ставени сите заштитни и безбедносни
направи и дали се функционални!
6.1
Подесување на висината на косење
32.1 Li (06)
ВНИМАНИЕ! Опасност од исеченици.
Опасност од исеченици при посегнување во
движечката алатка за косење.
■
Прилагодувајте ја висината за сечење
само при исклучен мотор и запрена алатка
за косење.
1. Благо притиснете го на надвор (06/a) и
задржете го лостот (06/1) за отклучување.
■
За пониска трева поместете го лостот
во правец на предното тркало (06/b),
минимален степен 1: околу 2,5 cm
■
За повисока трева поместете го лостот
во правец на задното тркало (06/c),
максимален степен 5: околу 6,5 cm
2. Отпуштете го лостот сè додека не се
вклешти во саканиот степен.
331