Заштита На Животната Средина; Опис На Машината И Предвидена Употреба; Ознаки За Безбедност; Етикета За Идентификација - ST CP1 430 Manual De Instrucciones

Cortadora de pasto eléctrica con operador de pie
Ocultar thumbs Ver también para CP1 430:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 64
2.5
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува
релевантно и приоритетно при употреба на машината
во корист на граѓанските погодности и на просторот во
кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат
непосредното опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу рано наутро и
доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
• Почитувајте ги локалните прописи за отстранување
на пакувањето, искористените делови или други
делови што имаат силно влијание врз животната
средина овие отпадоци не се фрлаат во ѓубре,
туку треба да бидат разделени и да се достават до
соодветни центри за собирање на истите, кои ќе се
погрижат за рециклирање на истите.
• Придржувајте се до локалните одредби за
отстранување на отпадни материјали.
• При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината
каде било во природата, туку предајте ја во собирен
центар во согласност со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните апарати
заедно со домашен отпад. Во согласност
со директивата на ЕУ 2012/19/EU, отпадот
што се состои од електрични и електронски
апарати е ваша одговорност и, во согласност
со националните одредби, електричните
апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за
да може подоцна повторно да се употребат на еко-
компатибилен начин. Ако електричните апарати
се одложат на ѓубриште или на земја, штетните
состојки може да стапат во контакт со елементите
во почвата и да навлезат во синџирот на исхрана, со
што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата.
За подетални информации околу фрлањето на овој
производ, контактирајте со компетентни институции за
фрлање домашен отпад или со застапникот.
Засебното собирање на производите и
искористените пакувања овозможува
рециклирање на материјалите и повторна
употреба. повторната употреба на
рециклираните материјали спречува штета на
животната средина и ја намалува потребата
за примарни материјали.
3.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1
ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е електрична косилка за трева
управувана од оператор.
Машината во основа се состои од мотор којшто ги
придвижува сечилата затворен во куќиште, и исто така
е опремена со тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со машината и да
ги вклучува главните команди држејќи се секогаш зад
ракофатот и на безбедно растојание од ротирачкиот
уред со сечивото.
Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува
запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.
Предвидена употреба
Оваа машина е наменета и изработена за косење
(и собирање) трева во градина и тревни површини,
со висина според нејзиниот капацитет за косење,
управувана од оператор кој оди зад неа.
Генерално, оваа косилка може:
Да коси трева и остатокот да го собере во вреќата
1.
на корпата за трева.
2.
Да коси трева и да ја исфрли на земјата преку
задниот отвор.
3.
Да коси трева, да ја кастри и да ја исфрли на земја
(ефект на мулчирање - доколку има).
Употребата на одредена дополнителна опрема којашто
ја предвидел производителот како оригинална опрема
и делови што се набавуваат засебно, дозволуваат да
ја завршите оваа работа на различни работни начини,
претставени во ова упатство и во упатството што се
доставува со дадената дополнителна опрема.
3.1.1
Несоодветна употреба
Секоја друга употреба, поразлична од горенаведените,
може да претставува опасност за луѓето и/или да ги
оштети предметите.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример,
но не се ограничува на следното):
• Транспортот на други лица, деца или животни со
машината, може да доведе истите да паднат и да
се здобијат со тешки повреди или да го попречат
безбедното управување на операторот;
• Транспорт на лица со машината;
• Употреба на машината за влечење или буткање товар;
• Вклучување на сечилата врз површини без трева;
• Употреба на машината за собирање на лисја или
остатоци;
• Употреба на машината за поткастрување на живи
огради, или за косење на други растенија;
• употреба на машината од страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба на косилката
ќе ја поништи гаранцијата, и ќе го ослободи
Производителот од сите одговорности, а со тоа
корисникот ќе стане одговорен за сите штети и
повреди кон себе и кон другите лица.
3.1.2
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е.
оператори коишто не се професионалци.
Наменета е за „домашна употреба".
ВАЖНО Машината мора да се користи само од
еден оператор.
3.2
ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (сл. 2). Нивната функција
е да го потсетат корисникот на неопходноста од
внимателна употреба. Значење на симболите:
Предупредување. Прочитајте го
упатството пред да ја користите машината
Само за косилка за трева со мотор со
внатрешно согорување.
Опасност! Ризик од исфрлени
предмети. Оддалечете ги луѓето што е
можно подалеку од местото на работа.
Бидете внимателни при користење
на сечилата: Сечилата продолжуваат да
се вртат и по исклучување на моторот.
Извадете го приклучокот од струја пред
да вршите операции на одржување или
доколку кабелот е оштетен.
Предупредување. Чувајте го струјниот
кабел подалеку од сечилата.
ВАЖНО Сите оштетени или нечитливи налепници
мора да се заменат. Нарачајте други налепници од
Овластениот сервисен центар.
3.3
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги содржи следните
податоци (сл. 1).
1.
Ниво на акустична моќност.
2.
Ознака за усогласеност со CE.
3.
Година на производство.
4.
Тип на машината.
5.
Сериски број.
6.
Име и адреса на производителот.
7.
Код на производ.
8.
Номинална моќност и максимална работна брзина
на моторот.
9.
Тежина во кг.
10. Волтажа и вид напојување.
MK - 3
.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Cp1 480

Tabla de contenido