ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
3.4
Етикетата за идентификација ги
содржи следните податоци (сл. 2):
1. Ниво на акустична моќност
2. Ознака за усогласеност
3. Месец / година на производство
4. Тип на машината
5. Напон на напојување
6. Сериски број
7. Име и адреса на производителот
8. Код на производ
9. Должина на лостот за наведување
10. Двојна изолација
Запишете ги податоците за идентификација за
машината на соодветните места на дадената
етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените податоци за
идентификација секојпат кога контактирате со
овластен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за усогласеност
се наоѓа на последната страница во упатството.
4. МОНТИРАЊЕ
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината веројатно
не се монтирани во фабриката, туку треба да се
монтираат по вадење на амбалажата следејќи ги
следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа треба
да се извршат на цврста и рамна површина
со доволно простор за поместување на
машината
и
на
секогаш соодветни алати. Не користете ја
машината пред да завршите со сите постапки
наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
4.1
Во амбалажата има и делови за монтирање
наведени на следната табела:
Лост за наведување со заштита
Синџир со запци
Клуч
Документација
амбалажата
користејќи
Распакување
4.1.1
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ
4.2
ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА
СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Секогаш носете масивни ракавици
за работа кога ракувате со лостот и со
синџирот. Обрнете максимално внимание
при составување на лостот и синџирот за да
не се нарушат безбедноста и ефикасноста
на машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Извршувајте ги сите операции
откако ќе ја извадите батеријата.
Пред да го поставите лостот,
уверете се дека сопирачката за
синџирот не е вметната (пасус 5.4).
1. Со помош на доставениот клуч, извадете ги
навртките (сл. 3.A) и извадете го картерот на
синџирот (сл. 3.B), за да дојдете до клинот
за преносот и до лежиштето за лостот.
2. Поставете го лостот (сл. 4.A) ставајќи ги
клиновите (сл. 4.B) на место (сл. 4.C) и
свртете кон задниот дел на машината.
3. Проверете дали клинот за држење на
синџирот (сл. 4.D) е правилно ставен на
свое место во отворот на лостот. Ако не е
така, тогаш вртете го шрафот за задршка
на синџирот со шрафцигер (сл. 4.E)
додека клинот не се постави докрај.
4. Закосете ја машината за да
обезбедите вметнување на
синџирот околу запците (сл. 5).
5. Поставете го синџирот (сл. 6.А) околу
запците за влечење (сл. 6.B) и долж
водилките на лостот (сл. 6.C), внимавајќи
да го почитувате правецот на монтирање.
6. Ако крајот на лостот е опремен со запци
за одложување, внимавајте почетокот
на влечењето за синџирот да се вметне
правилно во празнините на запците (сл. 7).
7. Ставете го картерот (сл. 8.A) без целосно
да ги затегнувате шрафовите.
MK - 9
Правец на
монтирање на
синџирот