Извадете го клучот од контактот (3).
• Модели со електрично палење на копче
Притиснете го табулаторот (5) и извадете го клучот (4).
ПОЧЕКАЈТЕ ДА ЗАСТАНЕ УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО пред
да извршите каква било интервенција.
4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
Чувајте ја тревокосачката на суво место.
ВАЖНО Неопходно е редовно и правилно одржување
за долготрајно одржување на безбедносното ниво и
првобитната работна состојба на машината.
Секоја работа поврзана со регулирање и одржување тре-
ба да се спроведе со изгаснат мотор и со изваден кабел
од свеќичката.
1) Н осете цврсти заштитни ракавици при секоја
интервенција за чистење, одржување и регулација на
машината.
2) П о секое косење, исперете ја машината со вода; от-
странете ги остатоците од трева и кал кои се натало-
жиле од внатрешната страна на куќиштето за да из-
бегнете тие да предизвикаат потешкотии при подоц-
нежно палење.
3) Л акот од внатрешниот дел на куќиштето може да от-
падне заради абразивното дејство на покосената тре-
ва. Во тој случај, треба спремно да интервенирате со
премачкување лак против 'рѓосување за да се спречи
создавање 'рѓа која го кородира металот.
4) В о случај кога треба да се пристапи до долниот дел, за-
косете ја машината само на страната како што е прика-
жано во упатството за моторот следејќи ги соодветни-
те упатства, уверувајќи се дека машината е стабилна
пред да започнете со каква било интервенција. Кај мо-
делите кај кои има предвидено страничен испуст, тре-
ба да се извади дефлекторот на испустот (ако е поста-
вен - видете 3.1.г).
5) И збегнувајте истурање бензин врз пластичните дело-
ви на моторот или врз самата машина за да се избег-
не оштетување и веднаш исчистете ја секоја трага од
бензин ако тој случајно се излил. Гаранцијата не ги по-
крива оштетувањата на пластичните делови предизви-
кани од бензин.
6) З а внатрешно перење на шасијата, користете го соод-
ветното место (1) за садот со вода (ако е предвидено)
(4.4). За да го извршите перењето, донесете ја висина-
та за косење во целосно подигната позиција и потоа за-
палете го моторот и активирајте го уредот за косење,
држејќи се секогаш зад рачката на тревокосачката.
7) З а да обезбедите правилна работа и долготрајна
употреба на машината, редовно менувајте го мас-
лото во моторот согласно посочените перио-
ди во упатството за употреба за овој мотор.
Испуштањето на маслото од моторот може да се на-
прави во специјализиран сервис или со извлекување
преку грлото за полнење со помош на шприц, имајќи
предвид дека работата ќе треба да се повтори не-
колку пати за да се испразни картерот во целост.
Задолжително надополнете масло до посочено-
то ниво пред повторно да ја користите машината.
4.1 Одржување на уредот со сечивото
Секоја интервенција врз уредот со сечивото мора да се
извршува во специјализиран сервис каде што има посо-
одветна опрема.
Со оваа машина предвидено е да се користи уред со се-
чиво коешто го носи кодот посочен во табелата на стра-
ница ii.
Заради развојот на производот, уредот со сечивото треба
со време да се замени со други со соодветни карактери-
стики за замена и функционална безбедност.
Поставете го уредот со сечивото (2) со знакот свртен кон
теренот, следејќи го посочениот редослед на сликата.
Зашрафете ја централната навртка (1) со динамометричен
клуч со калибрација од 35-40 Nm.
4.2 Регулација на преносот
Кај моделите со погон, правилната затегнатост на ремени-
те се постигнува за половина од навртката (1) сè додека не
се постигне посочената мерка (6мм).
4.3 Полнење на акумулаторот (ако е предвидено)
• Модели со електрично палење на клуч
За полнење на испразнет акумулатор, приклучете го на
полнач за акумулатори (1) според упатствата во упатство-
то за одржување на акумулаторот.
Не приклучувајте го полначот за акумулатори директно на
спојницата на моторот. Полначот за акумулатори не смее
да се користи како извор на напојување за придвижување
на моторот бидејќи може да го оштети.
Ако предвидувате дека нема да ја користите тревокосач-
ката подолг период, откачете го акумулаторот од каблите
на моторот и при тоа обезбедете да остане доволно ниво
на полнење.
• Модели со електрично палење на копче
Во однос на упатствата коишто се однесуваат на
автономијата, полнењето, одлагањето и одржувањето на
батеријата, следете ги упатствата коишто се дадени во
упатството за моторот.
5. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
ВНИМАНИЕ!
речно е забрането монтирање на каква било дополни-
телна опрема што не е наведена во следниот список
и е соодветна за моделот и типот на вашата машина.
5.1 Комплет за „дробење" - Mulching (ако не е до-
ставено)
Ја дроби ситно покосената трева и ја распределува врз
тревникот, што е алтернатива за косење во вреќата за
собирање (кај машини каде е предвидено истото).
6. ДИЈАГНОСТИКА
Што да правите кога...
Потекло на проблемот
1. Тревокосачката на бензин не работи
Нема масло или гориво
во моторот
Свеќичката и филтерот
не се во добра состојба
MK - 6
заради ваша лична безбедност, из-
Дејство за поправка
Направете контрола на
нивоата на маслото и
горивото
Исчистете ги свеќичката
и филтерот ако се
извалкани или заменете
ги