MK
2. Притиснете ја целосно педалата за
кочење (05/1) и заклучете ја со лостот за
заклучување (05/2).
3. Осигурајте ја тракторската косилка со
клоцни против оттркалување. Ставете ја
клоцната под страната којашто не се
подига.
4. Користете соодветна опрема за кревање
(на пр. дигалка со ножици) за да ја
подигнете тракторската косилка на
страната каде што треба да се смени
тркалото. Подигнете го тракторот сè
додека тркалото коешто треба да се
смени може слободно да се врти.
Внимание! Опасност од штети на
уредот.
При подигањето внимавајте да не
искривите некои елементи на
тракторот. Поставувајте ја дигалката
само на стабилни метални делови.
5. Осигурајте ја тракторската косилка на
еден носечки елемент од шасијата со
стабилна подлога (на пр. дрвен блок) така
што дури и при слизнување или
превртување на дигалката да не може да
се спушти.
6. Извадете го заштитното капаче (19/1).
7. Истиснете ја сигурносната шајбна (19/2) со
шрафцигер. Внимавајте да не се изгуби.
8. Извлечете ја подлошката (19/3).
9. Извадете го тркалото од осовината.
Напомена: Да не го изгубите перото
кога ги вадите задните тркала од
осовината!
10. Исчистете ја осовината и дупката во
тркалото пред повторно монтирање и
намачкајте ги двете со повеќенаменска
маст.
11. Ставете го тркалото на осовината.
Напомена: Кога ги ставате задните
тркала, жлебовите на перото и задното
тркало мора да бидат израмнети така
што перото може да се притисне
навнатре без употреба на сила.
12. Ставете ја подлошката на осовината.
13. Притиснете ја сигурносната шајбна во
жлебот на осовината. Ако евентуално
користите клешти внимавајте да не ја
оштетите осовината со клештите.
14. Ставете го заштитното капаче на
осовината.
552
15. Отстранете ја сигурносната подлошка и
спуштете го тракторот внимателно на
подот со дигалката.
9.4
Акумулатор
Не е доставен полнач за акумулаторот на
тракторската косилка.
Точен назив на акумулаторот: види ја
акумулаторската кутија. Акумулаторот се
наоѓа под капакот на моторот.
Акумулаторот во основа се доставува
фабрички наполнет.
Безбедносни напомени
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
погрешно ракување со акумулаторот! За
избегнување на опасности коишто може да
произлезат од неправилно ракување со
акумулаторот, почитувајте ги следните точки!
■
Не го складирајте акумулаторот во
непосредна близина на отворени
пламени, не го палете или ставајте на
грејни тела. Се заканува опасност од
експлозија.
■
Преку зимата чувајте го акумулаторот во
ладна, сува просторија (10 – 15 °C).
Избегнувајте складирање на температури
под точката на мрзнење.
■
Не го оставајте акумулаторот без полнење
подолг временски период. Ако
акумулаторот не се користи подолг
временски период, тој треба да се полни
користејќи соодветен полнач.
■
Не го уништувајте акумулаторот.
Електролитот (сулфурна киселина)
предизвикува хемиски изгореници на
кожата и облеката – веднаш исплакнете
со многу вода.
■
Чувајте го акумулаторот чист. Бришете
само со сува крпа. Не користете вода,
бензин, средство за разредување или
слично!
■
Одржувајте ги терминалите чисти и
премачкајте ги со терминална маст.
■
Не предизвикувајте краток спој на
терминалите.
Полнење на акумулаторот
Полнењето е потребно:
■
Пред складирањето за зимската пауза.
■
При подолго време на мирување на
уредот (подолго од 3 месеци).
Одржување
493723_a