Descargar Imprimir esta página

Makita BAC01 Manual De Instrucciones página 165

Ocultar thumbs Ver también para BAC01:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 40
11.
Не работете со претворачот на енергија
во средини каде што постои опасност од
експлозија, како на пример во присуство на
запаливи течности, гасови или прав. Мал
статичен набој или искра може да ја запалат
прашината или испарувањата и така да
настане пожар или експлозија.
12. Не дозволувајте ништо да ги покрие или да
ги заглави отворите за воздух. Користете го
претворачот на енергија на место каде што
ништо нема да ѝ пречи на вентилацијата на
воздухот. Тоа може да предизвика дефект или
пожар.
13. Внимавајте да не се сопнете на кабелот за
време на работата. Ставете го кабелот во
џебот за кабел.
14. Не користете го претворачот на енергија за
медицинска опрема. Неочекуван дефект може
да предизвикаат несреќа.
15. За да го намалите ризикот од пожар,
прекумерна топлина, експлозија,
истекување на електролитот, електричен
удар или повреда, придржувајте се до
следниве мерки на претпазливост.
Не поврзувајте апарат што ја
надминува номиналната излезна
моќност на претворачот на енергија.
Не поврзувајте го директно на општа
електрична мрежа за двонасочна
струја.
16. Чувајте го претворачот на енергија во
затворен, добро проветрен простор со
низок степен на влажност.
17. Чувајте го претворачот на енергија подалеку
од дофат на деца кога го складирате. Во
спротивно, може да дојде до сериозна несреќа.
18. Не газете го претворачот на енергија. Исто
така, внимавајте да не го удрите силно
претворачот на енергија кога го монтирате
со MAKPAC или со извор на напојување.
Тоа може да предизвика дефект или телесна
повреда.
19. Отворот за иглата за заземјување на излезот
за наизменична струја нема напон и струја.
За овој производ не е потребно заземјување
на апаратот за наизменична струја бидејќи не
е поврзан на општата електрична мрежа за
наизменична струја.
Безбедносни предупредувања за
уред што работи на батерии
Користење и грижа за уредот што
работи на батерии
1.
Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред поврзување со батеријата, подигање
или носење на уредот. Носењето на уредот
со прстот на прекинувачот или приклучувањето
на уредот во извор на електрична енергија со
вклучен прекинувач се причина за несреќи.
2.
Извадете ја батеријата од уредот пред
вршење нагодувања, промена на
додатоци или складирање на уредот. Овие
превентивни безбедносни мерки го намалуваат
ризикот од случајно стартување на уредот.
3.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
Користете уреди само со конкретно
4.
наменета батерија. Користењето други
батерии може да создаде ризик од повреда или
пожар.
5.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
6.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
7.
Не користете батерии или уред што се
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
8.
Не изложувајте ги батериите или уредот
на оган или прекумерна температура.
Изложеноста на оган или температура над
130 °C може да предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење
9.
и не полнете ги батериите или уредот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
10. Сервисирајте кај квалификувано лице за
поправки кое користи само идентични
резервни делови. Ова ќе овозможи
одржување на безбедноста на производот.
Не модификувајте ги, ниту обидувајте се
11.
да ги поправате уредот или батеријата,
освен како што е наведено во упатството за
користење и грижа.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
165 МАКЕДОНСКИ

Publicidad

loading