може да се користи, за да се избегне дополнително оштетување на машината или
физичка повреда на корисникот.
• Не ја оставајте машината без надзор кога таа е вклучена во струјното напојување.
Исклучете ја машината од приклучницата кога не ја користите, како и пред
одржувањето.
• Не ја користете со оштетен кабел или приклучок. За да ја исклучите машината од
приклучницата, повлечете го приклучокот, а не кабелот. Не го фаќајте приклучокот
или машината со водени раце. Исклучете ги сите контроли пред исклучување од
напојувањето.
• Не го влечете и не го носете уредот за кабелот, не го користете кабелот како рачка.
Не го приклештувајте кабелот со вратите и не го влечете кабелот околу остри
рабови или агли. Не го прегазувајте кабелот со машината. Држете го кабелот
подалеку од загреани површини.
• Држете ја косата, лабавата облека, прстите и сите делови на телото подалеку
од отворите и подвижните делови. Не ставајте предмети во отворите и не го
користете уредот доколку некој отвор е блокиран. Отворите мора да бидат чисти,
без прашина, нечистотии, влакна или каква и да е материја што би можела да го
попречи струењето на воздухот.
• Не го користете уредот на отворено при ниски температури.
• Не вшмукувајте запаливи или експлозивни течности како бензин и не ја користете
во области каде што би можело да има такви течности.
• Не вшмукувајте ништо што е запалено или чади, како што се цигари, чкорчиња
или топол пепел.
• Бидете особено внимателни кога ги чистите скалите.
• Не го користете уредот доколку не се монтирани филтри.
• Доколку машината не функционира правилно или ви паднала, се оштетила, била
оставена надвор или паднала во вода, вратете ја во сервис центарот или кај
продавачот.
• Доколку од машината излегува пена или течност, веднаш исклучете ја.
• Машината не смее да се користи како пумпа за вода. Машината е наменета за
вшмукување воздух и водени смеси.
• Поврзете ја машината во струјно напојување со правилно заземјување.
Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат оперативен заштитен
спроводник.
• Обезбедете добра вентилација на работното место.
• Не ја користете машината како скала. Машината може да се преврти и да се
оштети. Опасност од повреда.
• Користете ја приклучницата на машината само за намените наведени во
упатствата.
• Уредот може само повремено да се употребува на отворено.
Mirka® Dust Extractor • 1025 L
mk
121