Descargar Imprimir esta página

Panasonic WH-SDC0509L3E5 Manual De Instalación página 826

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 34
Прирачник за инсталација
ВНАТРЕШНА ЕДИНИЦА СО ГРЕЈНА ПУМПА „ВОЗДУХ КОН ВОДА"
WH-SDC0509L3E5,WH-SDC0509L6E5
ПРЕТПАЗЛИВО
R290
РАЗЛАДНО СРЕДСТВО
Оваа ВНАТРЕШНА ЕДИНИЦА СО ГРЕЈНА ПУМПА „ВОЗДУХ
КОН ВОДА" функционира во комбинација со надворешна
единица што го содржи разладното средство R290.
ПРОИЗВОДОВ МОРА ДА СЕ ИНСТАЛИРА ИЛИ СЕРВИСИРА
САМО ОД КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.
Погледнете ги националните, државните, територијалните
и локалните закони, регулативи, кодови, прирачници за
инсталација и работа пред инсталирањето, одржувањето
и/или сервисирањето на производов.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
• Прочитајте ги следните „БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ" внимателно пред инсталација.
• Електричните работи и работите за инсталација на вода мора да ги извршува лиценциран електричар и лиценциран инсталатер на водоводен систем. Осигурете
дека користите правилно напојување и главно коло за моделот што треба да се инсталира.
• Мерките на претпазливост што се наведени овде мора да се следат бидејќи се важни и поврзани со безбедноста. Значењата на секоја од индикациите се наведени
долу. Неправилната инсталација поради игнорирање на упатствата ќе предизвика штети или оштетувања и сериозноста е класифицирана според следниве индикации.
• По инсталацијата, оставете го овој прирачник за инсталација кај единицата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕТПАЗЛИВО
Ставките што треба да се следат се класифицирани според симболите:
• Извршете проверка со тестирање за да потврдите дека не се појавуваат абнормалности по инсталацијата. Потоа објаснете му на корисникот како функционира, како
треба да се грижи и како треба да врши одржување според упатствата. Потсетете го корисникот да ги чува упатствата за работа за идна употреба.
• Ако се сомневате во процедурата на инсталација или работа, секогаш контактирајте со овластениот дилер за совет и информации.
Не користете начини за забрзување на процесот на одмрзнување или за чистење освен тие препорачани од производителот. Кој било начин што не
одговара или кој било некомпатибилен материјал може да предизвика оштетување на производот, пукнување на цевките и сериозна повреда.
Не користете ненаведен тип на кабел за струја, модифициран кабел за струја или продолжен кабел за напојување. Не користете ист штекер за струја
за повеќе електрични апарати. Слабиот контакт, слабата изолација или прекумерната струја може да предизвикаат струен удар или пожар.
Не врзувајте го кабелот за струја во сноп. Може да се појават абнормални температури на кабелот за струја.
Чувајте ја пластичната амбалажа (материјалот од пакувањето) подалеку од мали деца, бидејќи таа може да им се закачи за носот и устата и да се
задушат.
Не купувајте неовластени електрични делови за инсталација, сервисирање и одржување итн. Може да предизвикаат струен удар или пожар.
Не модифицирајте ги жиците на внатрешната единица за да инсталирате други компоненти (на пример, грејач итн.). Преоптоварените жици или точки
на поврзување може да предизвикаат струен удар или пожар.
Не продупчувајте или не горете го апаратот бидејќи е под притисок. Не изложувајте го апаратот на топлина, пламен, искри или други извори на
запалување. Инаку може да експлодира и да предизвика повреда или смрт.
WEB-ACXF60-51590-MK
Оваа индикација ја покажува можноста за предизвикување смрт или сериозна повреда.
Оваа индикација ја покажува можноста за предизвикување повреда или имотно оштетување.
Симбол со бела заднина означува дека нешто е ЗАБРАНЕТО.
Симбол со темна заднина означува нешто што мора да се изврши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Потребен алат за инсталација
1 Крстач
2 Либела
3 Дупчалка, бургија со
нарежувач за отвор
4 Шестоаголен клуч (4 mm)
5 Француски клуч
6 Секач на цевки
7 Израмнувач
8 Нож
9 Детектор за протекување гас
Објаснување на симболите прикажани на внатрешната
единица или надворешната единица.
Овој симбол означува дека оваа опрема користи
запаливо разладно средство, безбедносна група
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
A3 според ISO 817. Ако разладното средство
протече, заедно со надворешен извор на
палење, постои можност за пожар/експлозија.
Симболов покажува дека внимателно треба да
ПРЕТПАЗЛИВО
се следи прирачникот за инсталација.
Симболов покажува дека сервисниот персонал
ПРЕТПАЗЛИВО
треба да ракува со опремава следејќи го
прирачникот за инсталација.
Симболов покажува дека има информации
ПРЕТПАЗЛИВО
вклучени во прирачникот за работа и/или за
инсталација.
МACEDONIAN
10 Метро
11 Термометар
12 Мегаметар
13 Мултиметар
14 Клуч крцкало
88,2 N•m (9,0 kgf•m)
117,6 N•m (12,0 kgf•m)
15 Заштитни ракавици
1

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Wh-sdc0509l6e5