миризбата на нов производ, а потоа добро
да се исушат.
ВНИМАНИЕ!
Не користите детергенти, абразивни
средства, средства за чистење со хлор
или на база на масло затоа што може
да ја оштетат политурата.
ВНИМАНИЕ!
Додатоците и деловите на апаратот не
смеат да се мијат во машина за
садови.
ВНИМАНИЕ!
Чистете ја контролната табла со мокра
крпа. Не користете никаков детергент.
По чистењето, избришете ја
контролната табла со мека крпа.
7.2 Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
1. Измијте ги внатрешноста и додатоците
со млака вода и со неутрален сапун.
2. Редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат
чисти и без остатоци од храна.
3. Исплакнете и избришете целосно.
7.3 Одмрзнување на фрижидерот
Одмрзнувањето на преградата на
фрижидерот е автоматско. Водата којашто
се кондензира влегува во примател на
компресорот и испарува. Овој примател не
може да се вади.
7.4 Одмрзнување на
замрзнувачот
Преградата за замрзнување нема мраз.
Тоа значи дека не се формира мраз
додека работи, ниту на внатрешните
ѕидови, ниту на храната.
7.5 Монтирање и менување на
филтерот за CleanAir+
Филтерот за CleanAir+ е филтер со
активен јаглен кој ги апсорбира лошите
мириси и ви овозможува да ги зачувате
најдобрите вкус и арома за сите
130
МАКЕДОНСКИ
прехранбени производи без ризик од
вкрстување на мирисите.
Внимателно ракувајте со филтерот за
воздух за да не ја изгребете неговата
површина.
При испорака, филтерот за воздух е
спакуван во пластична ќесичка за да ги
зачува перформансите.
Инсталирајте го филтерот за воздух пред
да го вклучите апаратот.
1. Распакувајте го филтерот за воздух од
пластичното ќесе.
2. Отворете го пластичното куќиште и
ставете ја плисираната површина на
решетката, вградувајќи го филтерот во
означената површина на решеткастата
површина.
3. Држете го филтерот додека го
затворате пластичното куќиште додека
не слушнете клик.