ЗАБЕЛЕШКА:
Кога производот автоматски ќе се исклучи без каква било индикација на BAP182
Кога производот ќе се преоптовари, излезот за напојување автоматски се исклучува за да го продолжи работниот
век на батеријата. Ова е резултат на заштитната функција, односно тоа не значи дека во апаратот има дефект.
Покрај тоа, во вакви случаи, BAP182 не покажува ништо, но тоа не значи дека апаратот е неисправен. Кога ќе
се случи ова, отпуштете го прекинувачот и отстранете ја причината за преоптоварувањето. Тогаш производот
може повторно да се користи со вклучен прекинувач.
57