Bosch Professional GSI 14 CE Manual Original página 130

Tabla de contenido

Publicidad

OBJ_BUCH-1845-002.book Page 130 Friday, June 14, 2013 12:48 PM
130 | Македонски
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирајте ги дополнителната дршка и
заштитната хауба (види слика A)
Работете само со монтирана дополнителна дршка 5.
– Со приложениот клуч со внатрешна шестаголна глава
14 олабавете го шрафот 2 на заштитната хауба 6.
– Поставете ја заштитната хауба 6 на прирабницата на
вретеното. Навалувајте ја заштитната хауба 6 во
зависност од вашите работни услови и работна позиција.
– Зацврстете го шрафот 2.
– Монтирајте ја дополнителната дршка 5 на заштитната
хауба 6.
Монтирање на водечкиот валјак (види слика B)
Монтирајте го водечкиот валјак 11 со пеперутка-
навртките 12 на заштитната хауба.
Монтирајте го продолжетокот на вретеното
(види слика C)
– Притиснете на блокадата за вретеното 1 и монтирајте го
продолжетокот на вретеното 10 со помош на
вилушкаст клуч (SW 21).
– Поставете го клинот за осовината 7 во продолжетокот
на вретеното 10.
Монтирање на алатот што се вметнува
(види слика D)
– Притиснете ја блокадата за вретеното 1.
– Вметнете го алатот за вметнување на продолжетокот на
вретеното. Внимавајте дали клинот за осовината 7е
цврсто вметнат.
– Зацврстете го шрафот за заклучување 8.
3 609 929 C51 | (14.6.13)
Внимавајте да соодветствуваат правците на стрелките на
алатот што се вметнува и на куќиштето на електричниот
апарат.
Избор на алат за вметнување/средство за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни алати за
вметнување/средства за брусење:
– Валање со фиксно нанесено средство за брусење
– Валање со употреба на средства за брусење што се
менуваат
– Валјак за промена на правецот за употреба со брусни
ленти
Гранулација
За брусење на суви
материјали и пред-брусење грубо
За структурирање и
израмнување на мали
нерамнини
средно
За сатинирање и матирање
на метални површини
фино
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
4 и држете го притиснат.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 4 турнете го прекинувачот за
исклучување/вклучување 4 понапред.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 одн. доколку
тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Бирање на бројот на вртежи
 Користете број на вртежи соодветен на намената, за
да избегнете оштетување на материјалот.
Со копчето за подесување на бројот на вртежи 3 може да
го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
 Доколку користите волна, поставете максимален
степен на број на вртежи 4. Инаку волната ќе стане
жешка.
40, 60
80
Валјаци со
комбинирани
влакна
120 –240
Валјаци со волна
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gsi 14 ce professional3 601 hb1 0

Tabla de contenido