Huawei E5785-330 Inicio Rápido página 336

Tabla de contenido

Publicidad

ЧПП
Што да направам ако Mobile WiFi не може да
прими никаков сигнал или не може да се поврзе на
интернет?
• Уверете се дека SIM-картичката е со правилна големина и е
ставена правилно во отворот.
• Потврдете дека имате доволно кредит на SIM-картичката.
Ако SIM-картичката е нова, уверете се дека има пристап на
интернет.
• Можеби е овозможена карактеристиката за потврдување со
PIN. 1) Отворете ја апликацијата за управување со уредот и
одете до Напредни поставки (Advanced Settings) >
Управување со PIN (PIN Management) за да го внесете
точниот PIN-код. 2) Оневозможете ја оваа карактеристика ако
не сакате постојано да го внесувате PIN-кодот.
• Ако проблемот продолжи да се појавува, вратете го Mobile
WiFi на фабричките поставки и обидете се повторно.
Што да направам ако јачината на сигналот на
Mobile WiFi е слаба или интернетот е бавен?
• Приближете го Mobile WiFi до прозорец или користете го во
отворена област за да има подобар прием на сигналот.
• Сепак, ако мобилниот телефон прима сигнал со добра јачина
на истото место на коешто е поставен Mobile WiFi, вратете го
Mobile WiFi на фабричките поставки и обидете се повторно.
Погледнете во делот Изглед погоре за да го вратите Mobile
WiFi на фабричките поставки.
Што да направам ако не можам да го поврзам
Mobile WiFi откако не бил активен некое време?
Mobile WiFi можеби е во режим на мирување или е исклучен.
• Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на Mobile
WiFi. Ако LCD-екранот се вклучи, Mobile WiFi бил во режим на
мирување. Во овој режим, Mobile WiFi автоматски
оневозможува Wi-Fi за да заштеди енергија. Може да го
оневозможите режимот на мирување преку апликацијата за
управување со уредот.
• Ако нема реакција откако ќе го притиснете копчето за
вклучување/исклучување, Mobile WiFi е исклучен. Притиснете
го и задржете го копчето за вклучување/исклучување за да го
вклучите повторно.
Не користете го Mobile WiFi каде што е забрането
користење активни безжични уреди (како што е при
авионски лет) и уверете се дека е исклучен.
332

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido