152 | Македонски
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (4) има два степена на блокирање што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (3).
Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За да ја извадите батеријата (4) притиснете на копчињата
за отклучување (3) и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
1 609 92A 5MG | (10.11.2020)
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки
Трајно светло 5× зелено
Трајно светло 4× зелено
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Замена на сечилото за пила (види слика A)
За вадење на сечилото за пила (10) подигнете го
странично и извлечете го од брусниот диск (8).
Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусниот диск (8), на пр. со
четкичка.
Површината на брусниот диск (8) се состои од лепенка,
така што сечилата за пила со лепенка може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете го сечилото за пила (10) на долната
страна на брусниот диск (8).
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила (10) да
одговараат со дупките на брусниот диск (8).
За да го зголемите работниот век на брусниот диск,
особено при користење на абразивни мрежи (на. пр.
Bosch M480) можете да поставите заштитна подлога
(опрема) помеѓу брусниот диск и абразивниот материјал.
Избор на брусен диск
Во зависност од употребата, електричниот алат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
– Меки брусни дискови: соодветни за удобно брусење, и
на заоблени површини
– Средно цврсти брусни дискови: соодветни за сите
видови брусење, се поставуваат универзално
– Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен
капацитет на рамни површини
Замена на брусен диск (види слика B)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови (8).
Извлечете го брусниот лист. Целосно одвртете ги 4-те
завртки (11) и извадете го брусниот диск (со употреба на
одвртувач T20) (8). Ставете го новиот диск за
Капацитет
брусење (8) и повторно затегнете ги завртките.
60−100 %
Напомена: При поставувањето на брусниот диск
30−60 %
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
5−30 %
отворите на брусниот диск.
0−5 %
Капацитет
80−100 %
60−80 %
40−60 %
20−40 %
5−20 %
0−5 %
Bosch Power Tools