Bosch AHS 48 LI Manual Original página 185

Ocultar thumbs Ver también para AHS 48 LI:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
OBJ_BUCH-564-007.book Page 184 Friday, September 6, 2013 11:01 AM
184 | Македонски
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
 Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
 Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа
косачка. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
 Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
 Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно
изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага.
Постои опасност од експлозија.
 Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Заштитете ја батеријата од влага и вода.
 Складирајте ја батеријата во граници на температура од
0 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
 Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
 Не полнете други батерии. Полачот е наменет само за
Бош литиум-јонски батерии со волтажа опишана во
техничките карактеристики. Во спротивно, постои
ризик од пожар и од експлозија.
 Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
 Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
F 016 L81 044 | (6.9.13)
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
 Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
 Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со полначот.
 Децата и лицата, кои поради нивните физички,
сензорни или духовни способности или нивно
неискуство или непознавање не се во состојба,
безбедно да ракуваат со полначот, не смеат да го
користат истиот без надзор или инструкции од
страна на одговорно лице. Инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди.
Одржување
 Извадете ја батеријата пред чистење, поправање
или складирање на машината.Секогаш носете
заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или
во нивна близина.
 Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги
веднаш оштетените или изабените делови.
 Секогаш пред складирање подмачкајте ја машината со
спреј за подмачкување.
 Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
косачката.
 Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
 Подмачкувајте ја машината со спреј за
подмачкување пред секоја употреба.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите
и нивното значење. Правилната интерпретација на
симболите ќе Ви помогне подобро и побезбедно да ја
користите косачката.
Ознака
Значење
Правец на реакција
Правец на движење
Носете заштитни ракавици
Тежина
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Ahs 52 li

Tabla de contenido