Bosch AdvancedTemp Manual Original página 376

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 57
376 | Македонски
површина со темна, мат леплива лента, којашто е добар спроводник на топлина.
Оставете ја лентата кратко да се темперира на површината.
Во принцип, мерењето на транспарентни материјали не е можно.
Поради тоа мерните резултати ќе бидат попрецизни и посигурни доколку се
подобри и постабилни мерните услови.
Сензорот за влажност на воздухот и за околната температура (4) може да се оштетат
поради хемиски штетни материи како на пр., испарувања на лакови и бои.
Инфрацрвеното мерење на температурата се попречува поради чад, пареа или
правлив воздух.
Затоа пред мерењето проветрете ја просторијата, особено ако воздухот е загаден
или има пареа. На пр. не мерете во бањата веднаш по туширање.
По проветрувањето оставете ја просторијата да се истемперира, додека не се
постигне вообичаената температура.
Околната температура и релативната влажност на воздухот се мерат директно на
мерниот уред со сензорот за влажност на воздухот и сензорот за околна
температура (4). За да добиете уверливи резултати, не го држете мерниот уред
директно над или покрај извори на пречки како греење или отворени течности. Во
никој случај не го покривајте сензорот (4).
Мерни функции
Единично мерење
Со еднократно притискање на копчето Мерење (1) го вклучувате ласерот и го
активирате единичното мерење во избраниот режим. Процесот на мерење може да
трае од 1 до 2 s. Резултатот од мерењето е прикажан во делот на екранот со бела
позадина.
По завршување на мерењето, ласерот автоматски се исклучува.
Последните резултати од мерењето се прикажуваат на екранот.
Континуирано мерење
За континуирани мерења во избраниот режим, држете притиснато на копчето за
мерење (1). Ласерот останува вклучен. Насочете го ласерскиот круг во бавно
движење на сите површини чија температура сакате да ја измерите. За мерење на
влагата и околната температура, поместете го мерниот уред полека низ
просторијата.
Приказот на екранот и сигналното светло (15) се ажурираат постојано. Штом ќе го
пуштите копчето за мерење (1) мерењето ќе се прекине и ласерот ќе се исклучи.
Последните резултати од мерењето се прикажуваат на екранот. Сигналното светло
останува непроменето на последниот приказ.
1 609 92A 7M8 | (03.05.2022)
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido