Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch PFS 7000 Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 40
– Ставете го пиштолот за прскање на
резервоарот (7). Вртете го резервоарот (7)
во правец на ознаката за затворање, додека
не слушнете прстенот за затворање (6) да
се вклопи правилно.
– Направете една проба на површина за тестирање.
Доколку добиете оптимална слика на прскање, може да
започнете со прскањето.
или
Ако резултатот од прскање не е задоволителен или ако не
излезе боја: (види „Отстранување на пречки",
Страница 254)
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Внимавајте на тоа, за време на употребата,
u
основната единица да не всисува прав или други
нечистотии.
Внимавајте да не ја испрскате основната единица.
u
Прекинете го процесот на прскање, доколку за
u
време на прскањето излегува течност од другите
места надвор од предвидената млазница и
поправете го пиштолот за прскање. Постои опасност
од електричен удар.
Не се прскајте себе си, други лица или животни.
u
Вклучување (види слика D)
– Проверете, дали е монтирано правилното капаче со
млазница. (види „Замена на капачето на млазница
(види слики B1–B2)", Страница 249)
– Ставете го мрежниот приклучок во ѕидната дозна.
– Земете го во рака пиштолот за прскање и насочете го
кон површината за прскање.
– За вклучување, притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (25).
– За регулирање на количината за воздух, поставете го
копчето за вклучување/исклучување (25) на саканата
апликација (види „Подесување на количината за
воздух (види слика D)", Страница 252).
– Притиснете го прекинувачот (5) на пиштолот за
прскање.
Напомена: Доколку е вклучена основната единица, од
капачето за вентилација (2) секогаш струи воздух.
Исклучување
– Отпуштете го контролниот прекинувач (5) и за
исклучување притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (25).
– Влечете го мрежниот приклучок од ѕидната дозна.
Bosch Power Tools
Совети при работењето
Прскање (види слики E–H)
Напомена: Внимавајте на правецот на ветрот, доколку го
користите електричниот алат на отворено.
– Најпрво извршете пробно прскање и наместете ја
сликата на млазот и количината на материјал за
прскање во зависност од материјалот за прскање.
За подесување, видете во следните поглавја.
– Пиштолот за прскање држете го на подеднакво
растојание од 20–25 cm вертикално кон објектот за
прскање.
– Почнете со прскање надвор од површината за
прскање.
– Во зависност од подесената слика на прскање,
движете ги пиштолите за прскање рамномерно
хоризонтално или вертикално.
Подеднаков квалитет на прскање се постигнува, кога
насоките на прскање се преклопуваат за 4–5 cm.
– При прскање на легнати објекти или при прскање на
плафон, пиштолите за прскање држете ги малку на
косо и движете се наназад оддалечувајќи се од
површината на прскање.
Опасност од сопнување! Внимавајте на можните
пречки.
– Избегнувајте прекини внатре во површината за
прскање.
Рамномерното водење на пиштолот за прскање дава
еднаков квалитет на површината.
Нерамномерното растојание и агол на прскање води кон
зголемено создавање магла од боја, а поради тоа и до
нерамномерно бојосани површини.
– Завршете со процесот на прскање надвор од
површината за прскање.
Не го исцрпувајте сосема резервоарот со материјал за
прскање. Доколку цевката за всисување не е потоната во
материјалот за прскање, ќе се прекине млазот на
прскање и се создава нерамномерна површина.
– По паузи или повторно полнење на резервоарот,
проверете го (7) капачето за млазница (10)/(11)/(12)
и капачето за вентилација (2) и доколку е потребно
исчистете ги.
– Доколку се насобере материјал за прскање на
капачето за вентилација (2) или на капачето зa
млазницата, исчистете ги компонентите со
испорачаната четка за чистење (28) или со
вообичаена четка за миење.
Подесување на сликата на прскање (види слика I)
Никогаш не го активирајте прекинувачот (5),
u
додека го поставувате капачето за вентилација (2).
– Свртете го капачето за вентилација (2) во саканата
позиција.
Македонски | 251
1 609 92A 84E | (12.07.2022)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido