УПАТСТВО ЗА МОНТАЖА И УПОТРЕБА НА OKBABY ПОСТОЛЈЕ ЗА КАДИ ONDA,
MK
ONDA EVOLUTION И LAGUNA РЕФ. БР. 845
Прочитајте го ова упатство пред употреба и зачувајте го за идни осврти.
ВНИМАНИЕ!!! НИКОГАШ НЕ ОСТАВАЈТЕ ГО ДЕТЕТО САМО.
ЕДНО ВОЗРАСНО ЛИЦЕ МОРА СЕКОГАШ ДА СЕ НАОЃА БЛИЗУ ДО
ДЕТЕТО ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ДАВЕЊЕ!
ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА:
• Не дозволувајте деца да си играат во близина на постолјето на кадата без да ги
надгледувате.
• Кога не се користи, чувајте го постолјето на кадата некаде надвор од дофат на
деца.
• Внимавајте на евентуални отворени пламени и на други постоечки извори на
топлина во близина на постолјето.
• Секој прибор и/или резервен дел треба да биде доставен од производителот или
од продавачот.
• Не користете го производот ако некој дел е оштетен или недостасува.
• Затегнете ги убаво сите штрафови и повремено проверете го затегнувањето.
• За безбедно користење на кадичките OKBABY, погледнете ги упатствата во
прилог на самите кадички.
МАКСИМАЛНА ТЕЖИНА НА БЕБЕТО: 15 кг.
Ова постолје е наменето за потпора на моделите на кадички OKBABY:
Onda, Onda Evolution и Laguna. Други кадички од други производители и марки не се
соодветни за оваа потпора. Следете ги инструкциите за најдобра употреба на оваа
потпора и зачувајте го упатството за идни осврти.
СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО И КРАТОК ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДОТ
1. Плоча на постолјето
2. Четири нозе
3. Четири штрафа M5x20
4. Четири шестоаголни навртки M5
5. Две ременчиња со лепење
6. Една одводна цевка
7. Четири стапала против пролизгување
8. Чивии за прицвстување
МОНТИРАЊЕ НА ПОСТОЛЈЕТО:
1. вматнете четирите чивии (8) на ногарките на означеното место (Fig. A) притискајќи ги
се додека не чуете ``КЛИК`` (Fig. B)
2. Ставете ги стапалата против пролизгување (7) на секоја нога (2) (сл. 1a)
3. Вметнете ги четирите алуминиумски нозе (2) до крајот во соодветните места (сл. 1b).
4. Вметнете ја за секоја нога навртката (4) во предвиденото место (сл. 2).
5. Вметнете ги штрафовите (3) и стегнете ги додека не се затегнат целосно (сл. 3).
НАЧИН НА УПОТРЕБА
1. Отворете ги и целосно раширете ги нозете (2) и затворете ги четирите стеги за
блокирање кои се наоѓаат на плочата на постолјето (сл. 4).
КОРИСТЕЊЕ НА КАДИТЕ НА ПОСТОЛЈЕТО:
1. Прицврстете ја одводната цевка (6) на кадата (сл. 5).
2. Вметнете ја одводната цевка во еден од постоечките отвори на плочата на постолјето
(1) (сл. 7).
3. Поставете ја кадата над постолјето и прицврстете ја со 2 Velcro ремена со лепенки (5)
следејќи ги инструкциите (Сл. 7-8-9)
Забелешка: Користете ги двата централни отвори со кадите Onda и Onda Evolution а
оние надворешните за кадата Laguna.
Cavalletto.45