Descargar Imprimir esta página

Bosch GSS Professional 230 AVE Manual Original página 133

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за брусилки
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Користете го електричниот алат само за суво
u
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
алат го зголемува ризикот од електричен удар.
Внимание опасност од пожар! Избегнувајте
u
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето во торбата за прав, микро честичките,
хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на
вшмукувачот за прав) може да се запали при
неповолни услови, како на пр. летање на искри при
брусење на метали. Особена опасност постои, доколку
правта од брусењето се измеша со остатоци од лак,
полиуретан или други хемиски материјали и доколку
парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
работа.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
u
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Bosch Power Tools
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за суво брусење на дрво,
пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани
површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Дополнителна рачка (изолирана површина на
a)
рачката)
(2) Завртка за дополнителна рачка
(3) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
(4) Прекинувач за вклучување/исклучување
(5) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(6) Филтер (микро-филтер систем)
(7) Комплет кутија за прав (микро-филтер систем)
(8) Заден терминален блок
(9) Затезен лост
(10) Брусна плоча
(11) Затезен лост
(12) Преден терминален блок
(13) Рачка (изолирана површина на рачката)
a)
(14) Сечило за пила
a)
(15) Алат за дупчење
(16) Завртки за брусната плоча
(17) Тенка брусна плоча, продолжена
(18) Брусно сечило, продолжено
(19) Навртување на продолжена брусна плоча
(20) Брусно сечило, во форма на триаголник
(21) Брусна плоча, во форма на триаголник,
a)
продолжена
(22) Млазници за издувување
(23) Црево за издувни гасови
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Македонски | 133
a)
a)
a)
a)
a)
a)
1 609 92A 65K | (07.12.2020)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gss professional 280 ave