4.1 Совети за готвење
• Кога храната ќе дојде до точка на вриење, намалете ја нагодената температура.
• Користењето капак ќе го намали времето на готвење и ќе заштеди енергија, така што ќе ја
задржи топлината.
• Намалете ја количината на течности или масло за да го намалите времето потребно за
подготовка на храната.
• Започнете со термичка обработка на храната на висока температура, а потоа намалете ја
температурата кога храната ќе се загрее.
4.1.1 Крчкање, готвење ориз
•
Крчкањето е процес кој се одвива под точката на вриење, на околу 85˚C, кога меурчиња
повремено се креваат на површината на течноста за готвење. Тоа е клуч за подготовка на
вкусни супи и динстувани јадења. Сосовите со јајца и брашно исто така би требало да се
подготвуваат на оваа температура.
•
Некои процеси, вклучително и готвењето ориз со помош на методот на апсорпција, може да
бараат поголема температура од најниската потребна како би било сигурно дека храната ќе
биде зготвена правилно и во рамки на препорачаното време.
4.1.2 Динстуван месен нарезок
За подготовка сочни парчиња месо:
1. Оставете го месото на собна температура 20 минути пред подготовката.
2. Загрејте тава со дебело дно.
3. Премачкајте ги обете страни на нарезокот со масло. Ставете мала количина масло во
загреаната тава и потоа спуштете го месото во тавата.
4. Нарезокот превртете го само еднаш при подготовката. Точното време на подготовка зависи
од дебелината на нарезокот и од тоа колку сакате да биде пржен. Времето може да варира
од 2 до 8 минути по страна. Притиснете го месото за да одмерите колку е испржено – колку
е потврдо на допир, толку ќе биде подобро припремено.
5. Оставете го нарезокот во топлата тава неколку минути за да омекне пред сервирањето.
4.1.3 За пржење
1. Изберете тава со рамна подлога, погодна за подготовка на храна на керамичка плоча, или
голема тава.
2. Сите состојки во приборот нека бидат подготвени. Пржењето треба да биде брзо. Доколку
подготвувате поголема количина, храната подгответе ја во неколку помали порции.
3. Загрејте ја кратко тавата и додајте две супени лажици масло.
4. Прво подгответе го кој било вид месо, останете го од страна и држете го загреано.
5. Испржете го зеленчукот. Кога зеленчукот е врел но сѐ уште крцкав, намалете ја температурата
на готвење, вратете го месото во тавата и додајте сос.
6. Пропржете ги состојките, за да бидете сигурни дека сѐ е потполно загреано.
7. Послужете веднаш.
5. Поставки за топлина
Долунаведените поставки се само насоки. Точните поставки ќе зависат од неколку фактори,
вклучувајќи ги и садовите за подготовка на храна и количината на храната. Експериментирајте
со керамичката плоча, за да ја пронајдете поставката која највеќе Ви одговара.
Поставки за
топлина
1 - 2
• топење чоколадо, путер и за храна која бргу загорува
• бавно крчкање
• благо загревање на мали количини храна
Погодно за:
17