Descargar Imprimir esta página

camry CR6511 Manual De Uso página 36

Ocultar thumbs Ver también para CR6511:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 15
со автоматски уред за диференцијална струја со осетливост од 30mA.
II ДЕТАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УСЛОВИ
1.
Користете го уредот само во затворени простории.
2.
За чистење на куќиштето не треба да користите агресивни детергенти во
форма на емулзии, лосиони, пасти и сл. Тие, меѓу другото, можат да ги
избришат информативните симболи, како што се: ознаки, предупредувачки
знаци итн.
3.
Не оставајте празни садови или кујнски прибор на уредот.
4.
Не користете го електричниот шпорет за затоплување на просториите и за
загревање на лесно запаливи, експлозивни, штетни, испарливи материјали или
течности.
5.
Не треба да користите додатоци кои не се препорачани од производителот.
Тие можат да претставуваат опасност за корисникот и можат да предизвикаат
оштетување на уредот.
6.
Не смеете да го поместувате уредот со влечење за кабелот за поврзување.
Осигурете се дали кабелот за поврзување не е блокиран на кој било начин. Не
замотувајте го кабелот околу уредот и не го свивајте.
7.
Не смеете да го поместувате електричниот шпорет додека готвите или кога на
него се наоѓа топол кујнски прибор.
8.
Осигурете се дека уредот се оладил пред чистење и складирање.
9.
Не поставувајте го уредот така што грејната плоча би допирала кабли на други
уреди (на пр. миксери). Не ставајте го шпоретот под електричен приклучок.
10. Поставете го уредот на растојание од минимум 30 cm од ѕидот, мебелот,
другите уреди, садови и др. Осигурете се дека завеси, облека или други лесно
запаливи материјали не се наоѓаат во близина на шпоретот помала од 30 cm.
Тоа може да предизвика пожар.
11. Не ставајте садови направени од ПВЦ, хартија, картон, итн. на грејната плоча.
12. За време на употреба, не допирајте го куќиштето или грејните плочи на уредот.
За време на работа на шпоретот треба да ги користите исклучиво копчињата за
команди. По исклучувањето, почекајте уредот да се олади.
13. Температура на достапните површини на уредот во време на користење може
да биде висока. Не ги допирајте жешките површини на уредот.
14. Деца на возраст од 3 до помалку од 8 години можат да го вклучат и исклучат
уредот само тогаш кога тој е во нормална работна положба, обезбеден им е
соодветен надзор или се поинформирани како да го користат уредот на
безбеден начин кој гарантира дека ги разбираат придружните ризици. Деца на
возраст од 3 до помалку од 8 години не смеат да го поврзуваат, употребуваат,
чистат или одржуваат уредот.
15. Уредот и кабелот за поврзување треба да се чуваат подалеку од дофат на
деца помали до 8 години.
III. ПРЕДУПРЕДУВАЊА
1.
Никогаш не користете го уредот ако е оштетен или не работи правилно.
36

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Cr 6510