Безбедност на работната област
1.
Не изложувајте го овој конектор на дожд,
снег или влажни услови. Во спротивно,
во конекторот може да навлезе вода и да
предизвика струен удар или краток спој.
2.
Не работете со овој конектор во околини каде
постои опасност од експлозија, како на пример
во присуство на запаливи течности, гасови или
прашина. Опасност од експлозија или пожар.
Електрична безбедност
1.
Користете USB-кабел што одговара на
приклучок USB Type-C. Не изменувајте го USB-
кабелот. Во спротивно, може да дојде до дефект.
Не предизвикувајте спој на терминалите.
2.
Чувајте го терминалот подалеку од метални
предмети, како што се игли или жици,
коишто може да остварат поврзување од
еден терминал до друг. Краткиот спој на
терминалите може да доведе до изгореници
или пожар.
3.
Користете го овој конектор само со
конкретно наменетите батерии. Не
користете модифицирана батерија.
Користењето други батерии може да создаде
опасност од повреда или пожар.
Сервисирање
Овој конектор треба да се сервисира од
1.
страна на квалификувано лице за поправки,
кое користи единствено идентични
резервни делови. Ова ќе овозможи да се
одржи безбедноста на овој конектор.
Не расклопувајте, ниту експериментирајте
со овој конектор. Тоа може да резултира со
пожар, прекумерна топлина или експлозија.
Ако забележите каква било абнормалност
во овој конектор, пратете го за проверка
и поправка во овластени или фабрички
сервисни центри на Makita.
Ако лице без соодветното знаење и вештини за
поправка врши поправки на овој производ, не само
што производот нема да функционира соодветно,
туку постои и опасност од несреќа или повреда.
Дополнителни безбедносни
предупредувања
1.
Проверка за оштетени делови. Доколку
се откријат какви било абнормалности
или настане каков било дефект, веднаш
престанете со користење на овој конектор.
Ако продолжите да го користите, може да
настане чад/пожар, струен удар и повреда.
<Примери за абнормалности/дефекти>
—
Кабелот или терминалот се абнормално
жешки.
—
Постојат длабоки гребнатини или
деформирање.
—
При допир на USB-кабелот,
спроводниците може или не мора да
бидат под напон.
—
Мириса на изгорено.
—
Постои чувство на електрична енергија.
Ако забележите каква било абнормалност
во овој конектор, веднаш исклучете го
изворот на напојување од конекторот и
контактирајте овластен или фабрички
сервисен центар на Makita за проверка и
поправка.
2.
Ако при користењето забележите какви
било абнормалности, како што е создавање
топлина од касетата за батерија, веднаш
отстранете ја и прекинете со користење
на касетата за батерија. Продолженото
користење може да предизвика чад, пожар или
експлозија.
Не складирајте и не користете го овој
3.
конектор на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50 °C (122
°F).
Складирајте на суво место и надвор од
дофат на деца. Постои опасност од несреќа.
4.
Не допирајте ги терминалите со влажни
раце. Опасност од струен удар.
5.
Не испуштајте го овој конектор. Опасност од
дефект.
ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА – Ова упатство
содржи важни упатства за безбедноста и за
работата на овој конектор.
Кога го позајмувате овој конектор, секогаш
приложувајте го ова упатство за употреба.
Безбедносни предупредувања за
радиобранови
1.
Не користете го овој производ во близина
на електронски уреди за контрола со
висока прецизност и слаби сигнали.
(Примери за електронски уреди за кои е
потребно внимание: помагало за слушање,
пејсмејкер, друга медицинска опрема,
противпожарен аларм, автоматска врата и
друга автоматски контролирана опрема).
2.
Радиобранот на овој производ не е
загарантиран во сите околини. Радиобранот
може да не достигне или да биде прекинат во
следниве случаи.
—
Кога овој производ се користи во објекти
каде е употребен бетон, арматура или
метал.
—
Кога овој производ се користи во близина
на пречки.
—
Кога овој производ добива пречки од
уреди за безжична комуникација што ја
користат истата фреквенција.
—
Кога овој производ се користи во близина
на опрема, како што е микробранова
печка, која создава магнетно поле,
статички електрицитет или радиопречки.
125 МАКЕДОНСКИ