Монтажа
3
Монтажа
3.1
Инсталирање на филтерот
▶ Поставете го апаратот хоризонтално на стабилна површина.
▶ Ротирајте и извлечете го долниот капак од апаратот.
▶ Извлечете го филтерот од апаратот.
▶ Отстранете ја пластичнатаобвивка на филтерот за прочистување
на воздухот.
▶ Вратете го филтерот во апаратот.
▶ Вратете го долниот капак.
[Слика 5 Отворање на долниот капак]
[Слика 6 Влечење на долниот капак и отстранување на
пластичната обвивка]
[Слика 7 Враќање на долниот капак]
4
Ракување
4.1
Разбирање на светлосниот прстен за квалитет на
воздухот
Светлосниот прстен укажува на квалитетот на воздухот. Кога ќе се
вклучи прочистувачот на воздухот се палат сите бои во секвенца. По
приближно 30 секунди, сензорот за честички ја бира бојата која
соодветствува на квалитетот на околниот воздух со честички,
според табелата 2.
PM2,5
PM2,5 се однесува на ултра фините честички на загадувачите во во
воздухот помали од 2,5 микрометри. Повеќето загадувачи на
внатрешниот воздух под PM2,5, како: чад од цигари, испарување од
готвење и свеќи што горат, некои бактерии во воздухот и најмалите
спори на мувла, алергени од миленици и прашински грини се под
PM2,5.
Сензорот за квалитет на воздухот го скенира воздухот непрекинато
за да ги открие ултра фините честички. Информациите се
прикажуваат постојано во дигиталниот приказ и светлосниот прстен,
овозможувајќи повратни информации во реално време за PM2,5.
Боја на светлото за
Ниво на квалитет на
квалитет на
воздухот
воздухот
Сина
Добар
Виолетова
Во ред
Портокалова
Слаб
Црвена
Лош
Таб. 35 Бои на светлото за квалитет на воздухот и нивоата на PM2,5
4.2
Вклучување/исклучување
▶ Вметнете го утикачот на прочистувачот на воздухот во штекер.
▶ Допрете го
за да се вклучи прочистувачот на воздухот.
▶ Притиснете го копчето
прочистувачот на воздухот.
Напомена
• За оптимални резултати од прочистувањето, затворете ги вратите
и прозорците.
• Држете ги завесите подалеку од отворите за влез или излез на
воздухот.
• Прочистувачот на воздух работи стандардно во автоматски
режим.
70
Ниво на PM2,5
0-12
13-35
36-55
>56
повторно за да го исклучите
4.3
Промена на поставката за режим
Автоматски режим
• Во автоматскиот режим, квалитетот на воздухот се регистрира во
реално време и апаратот автоматски ја приспособува брзината
на вентилаторот според квалитетот на амбиенталниот воздух.
Рачен режим
• Во рачниот режим, може да се регулира брзината на
вентилаторот (помеѓу брзина 1 и брзина 3). Притиснете го
копчето
за да ја промените саканата брзина.
Тивок режим
• Во тивкиот режим, прочистувачот на воздух работи тивко при
ниска брзина и сите светла се затемнети.
Режим на тајмер
• Во режимот на тајмер, може да се регулира тајмерот (помеѓу 1 и
12 часа) за исклучување.
5
Чистење и одржување
5.1
Чистење на куќиштето на прочистувачот на
воздухот
Редовно чистете ги внатрешноста и надворешноста на куќиштето на
прочистувачот на воздухот за да спречите да се насобере прашина.
▶ Избришете ја површината со влажна крпа.
▶ Користете мека, сува крпа за да ги исчистите внатрешноста и
надворешноста на прочистувачот на воздухот и излезот за
воздух.
5.2
Чистење на сензорот за честички
Напомена:
• Ако прочистувачот на воздухот се користи во правлива средина,
можеби треба да се чисти почесто.
• Ако нивото на влажност во просторијата е многу високо, може да
се создаде кондензација на сензорот за честички и светлото за
квалитет на воздухот може да укажува на послаб квалитет на
воздухот иако квалитетот на воздухот е добар. Ако се случи тоа,
исчистете го сензорот за честички.
Чистете го сензорот за честички секој месец за оптимално
функционирање на апаратот.
▶ Исклучете го прочистувачот на воздухот и извлечете го од
штекер.
▶ Повлечете го задниот капак од сензорот и отстранете го од
апаратот.
▶ Исчистете го сензорот за честички со влажно памучно стапче.
▶ Исушете ги сите делови со суво памучно стапче.
▶ Вратете го капакот на сензорот.
[Слика 8 Капак за сензорот за квалитет на воздухот]
[Слика 9 Чистење на сензорот за квалитет на воздухот]
5.3
Чистење на филтерот
ВНИМАНИЕ
Носете маска и ракавици кога ја чистите површината на филтерот и/
или кога го заменувате филтерот.
▶ Исклучете го прочистувачот на воздухот и извлечете го од
штекер.
▶ Поставете го апаратот хоризонтално на стабилна површина.
▶ Ротирајте и извлечете го долниот капак и отстранете го од
апаратот.
Air 4000 – 6721848798 (2023/07)