Descargar Imprimir esta página

Huawei PNX-B19 Guia De Inicio Rapido página 92

Ocultar thumbs Ver también para PNX-B19:

Publicidad

помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречи потенцијална интерференција со пејсмејкерот.
Ако користите пејсмејкер, држете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не
носете го уредот во предниот џеб.
• Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за
дијагностицирање, третман, лекување или спречување каква било болест. Сите податоци и
мерења треба да се користат само за информативна намена. Ако забележите проблеми со
кожата додека го носите уредот, извадете го и одете на доктор.
• Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или
други здравствени установи. Целта на овие барања е да се спречи можна интерференција со
чувствителна медицинска опрема.
• Исклучете го безжичниот уред секогаш кога ќе се побара од вас од персоналот на аеродромот
или од екипажот во авионот. Консултирајте се со персоналот на екипажот во авионот околу
користењето безжични уреди во авионот, а ако вашиот уред има „авионски режим", тој мора
да биде овозможен пред да влезете во авионот.
• Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од IEC/EN 62368-1 и дека
е тестиран и одобрен според националните или локалните стандарди.
90

Publicidad

loading