Опис на функциите
Копче за враќање и ротирачки регулатор
Програми за автоматско готвење
Термометар за храна (HD9958, се продава посебно)
Ротирачкиот регулатор е централната контрола. Можете да го завртите и
притиснете за да се движите низ различни опции на менито и да потврдите
дејство.
-
Кратко притиснете го ротирачкиот регулатор: за вклучување на
апаратот.
-
Долго притиснете го ротирачкиот регулатор: за исклучување на
апаратот.
Откако е вклучен апаратот:
-
Притиснете го ротирачкиот регулатор: за потврдување на дејство.
-
Завртете го ротирачкиот регулатор: за да се движите низ различни
опции на менито или да ги смените поставките за готвење.
-
Притиснете го копчето за враќање: за да се вратите на претходниот
чекор.
Програмите за автоматско готвење се една од клучните функции на вашиот
Airfryer, коишто ви овозможуваат да готвите различни прехранбени
производи.
Со избирање на посакуваниот прехранбен производ и приспособување на
нивото на исполнетост или наведување на количината на состојките,
апаратот Airfryer автоматски ќе ја постави соодветната температура и
времето на готвење за вашиот оброк. Дополнително, апаратот Airfryer ќе ве
предупреди ако е потребна некаква интеракција за време на готвењето,
како тресење помфрит.
Важно: Апаратот Airfryer е опремен со осум зададени програми за
автоматско готвење што може да се иницираат директно од апаратот.
Меѓутоа, за повеќе опции, можете да пристапите до и да преземете повеќе
програми за автоматско готвење преку апликацијата NutriU. Поврзете го
вашиот апарат Airfryer со вашата мрежа и впарете го вашиот паметен уред
со апаратот за да откриете нови кулинарски можности.
Термометарот за храна што се продава посебно може да се користи за
готвење на храната до посакуваното ниво на подготвеност.
Ставете еден крај од термометарот за храна во храната и другиот крај во
приклучокот за термометар за храна (видете го поглавјето „термометар за
храна").
Македонски
729