Descargar Imprimir esta página

TESY GCV6SL 804430 B11 TSRP Instrucciones De Uso Y Mantenimiento página 118

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 17
различните модели и се назначени во табела 2 до сл. 1b. За
МК
бојлери наменети за подна инсталација – табела 2 до сл. 1c.
Со цел да се спречи повреда на корисникот и
трети лица во случај на грешка во системот кој
овозможува топла вода, уредот мора да се
монтира во просторија која има подна хидроизолација и
одвод. Не поставувајте предмети, кои не се водоотпорни,
под уредот под никоја околност. Во случај на монтажа на
уредот во просторија која нема подна хидроизолација,
потребно е да се постави одвод под уредот.
Забелешка: сетот не вклучува заштитна када и корисникот
мора да ја избере истата.
2.
Поврзување со водовод.
Сл. 3: a) – за вертикална; b) – за хоризонтална инсталација; c) – за
подна инсталација
Каде: 1 – Влезна цевка; 2 – Безбедносен вентил; 3 – Вентил за
редукција (за притисок на вода > 0,6 MPa); 4 – Запирачки вентил;
5 – Инка поврзана со одвод; 6 – Црево; 7 – Славина за истекување
на вода.
По поврзување на бојлерот со водоводот, мора да ги следите
индикативните ознаки /прстени/ кои се прикачени на цевките: сино
за ладна /влезна/ вода, црвено за топла /излезна/ вода.
Монтирањето на безбедносниот вентил кој е доставен со бојлерот е
задолжително. Безбедносниот вентил мора да се монтира на цевката
за ладна вода, следејќи ја насоката на стрелката која е испечатена
на телото и ја покажува насоката на влезната вода. Не смее да се
монтираат дополнителни запирни вентили меѓу безбедносниот
вентил и бојлерот.
Исклучок: Ако локалните регулативи (норми) бараат употреба на
дополнителен заштитен вентил или механизам (во согласност со
EN 1487 или EN 1489), тогаш мора дополнително да се купи. За
механиззми кои работат во согласност со EN 1487 назначениот
работен притисок не смее да биде повисок од 0.7 MPa. За други
заштитни вентили, притисокот на кои се калибрирани треба да биде
за 0.1 MPa понизок од назначениот притисок на знакот на уредот. Во
тој случај, безбедносниот вентил које доставен со уредот не треба да
се користи.
Присуството на друг /стар/ безбедносен вентил може
да предизвика расипување на уредот и поради тоа
мора да се отстрани.
Друг вид на запирачка арматура не се дозволува меѓу
заштитниот вентил (заштитниот уред) и уредот.
Поставувањето на заштитниот вентил на навои
подолги од 10 mm не се дозволува, во спротивно може да
се оштети вентилот и предизвикува опасност за уредот.
Со бојлери за вертикална монтажа, заштитниот
вентил треба да се поврзе на влезната цевка додека
безбедносниот пластичен панел е отстранет.
Заштитниот вентил и цевката меѓу вентилот и
бојлерот мора да се заштитат од замрзнување. При
истекување, цревото – е секогаш слободно и отворено на
атмосфера (не потопено во вода). Осигурајте се едка цревото е
заштитено од замрзнување.
Отворањето на вентилот за ладна вода на доводот за вода и
отворањето на топлиот вентил од славината која ја меша водата
го изведува полнењето на бојлерот со вода. Откако полнењето ќе
заврши, мора да почне постојан тек на вода низ славината за мешана
вода. Сега, можете да го затворите вентилот за топла вода.
Во случај кога е потребно да се испразни бојлерот, прво мора да го
исклучите од струја. Текот на водата од доводот мора да се прекине
и доводот за топла вода од славината за мешана вода мора да се
отвори. Славината 7 (сл. 3a и 3 b) мора да се отвори за да се испразни
водата од садот. Ако нема таква славина вградена во цевката, тогаш
испразнете ја водата на следниот начин:
Моделите опремени со заштитен вентил со рачка – Можете
да ја отфрлите водата од бојлерот со подигнување на рачката на
заштитниот вентил. Водата ќе истече од отворот на вентилот.
98
Инструкции за употреба и одржување
Моделите опремени со заштитен вентил без рачка – водата ќе
истече директно од влезната евка на садот за вода откако ќе го
дисконектирате од доводот за вода
Во случај на отстранувањена обрачот, отфрлањето на неколку литри
вода, кои остануваат во садот, е нормално.
Мора да преземете мерки за да се спречи штета од
водата која истекува при празнењето.
Во случај притисокот на доводот да е над назначената вредност
во горниот параграф, тогаш е потребно да се постави вентил за
редуцирање, во спротивно бојлерот нема правилно да функционира.
Производителот не прифаќа одговорност за проблеми предизвикани
од неправилна употреба од страна на корисникот.
3.
Поврзување со електричната мрежа
Осигурајте се дека уредот е полн пред да го вклучите
напојувањето.
3.1.
Модели со кабел за напојување и приклучок се поврзуваат
со внесување на приклучокот во контакт. Тие се исклучуваат од
напојувањето со отстранување на приклучокот од контактот.
Штекерот мора да биде правилно поврзан со одделно
електрично коло со соодветна заштита. Мора да биде
заземјен.
3.2.
Бојлери опремени со кабел за напојување без приклучок.
Уредот треба да се поврзе со одделно електрично коло од
електричната мрежа. Поврзувањето треба да биде постојано – без
приклучоци за контакт. Колото треба да има безбедносен осигурувач
(16А) и вграден уред кој овозможува дисконекција на сите полови во
случај на прекумерена волтажа од категорија III.
Поврзувањето на проводниците од кабелот за напојување на уредот
треба да се изведе на следниот начин:
проводник со кафена изолација – за фазниот проводник на
електричните жици (L)
проводник со сина изолација – за неутралниот проводник на
жиците (N)
проводник со жолто-зелена изолација – за безбедносниот
проводник на жиците (
)
3.3.
Модели без кабел за напојување
Уредот мора да се поврзе со оддело електрично коло од
електричната мрежа. Колото треба да има безбедносен осигурувач
16А (20A за моќност > 3700W). Треба да се употреби проводник со
бакарно единечно јадро (цврсто – не влакнесто) за поврзувањето -
кабел 3 x 2.5 mm2 (кабел 3 x 2.5 mm2 за моќност > 3700W).
Електричното коло кое го напојува уредот мора да има вграден уред
кој овозможува разделување на сите терминални полови во услов на
супер-волтажа од категорија III.
За да ја инсталирате жицата за напојување во бојлерот, отстранете го
пластичниот капак.
Поврзете ги жиците за напојување според ознаките на терминалите,
на следниот начин:
фазата – со ознака A, A1, L или L1;
неутралната – со N (B или B1 или N1)
Безбедносната жица мора задолжително да се поврзе со
терминалот означен со
.
По инсталацијата, вратете го пластичниот капак на своето место!
Објаснување за Сл. 2:
TS – термален прекинувач; TR – термален регулатор; S – прекинувач
(за модели кои имаат); R - греач; IL – светлосен индикатор; F - обрач;
KL - терминал;
VI.
МАГНЕЗИУМОВА АНОДА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА (ЗА
БОЈЛЕРИ СО САДОВИ СО СЛОЈ ОД СТАКЛО-КЕРАМИКА)
Магнезиумовата анода ја штити внатрешната површина на садот од
корозија.
Рокот на употреба на анодата е пет години. Анодниот елемент
е елемент кој подлеж на трошење и потребно е периодично
заменување.
Во поглед на долготрајна и безбедна употреба на бојлерот,
производителот препорачува периодични проверки на состојбата на
магнезиумовата анода од страна на квалификуван техничар и замена
по потреба, ова може да се изведе при превентивното одржување
на уредот.
За замена, ве молиме контактирајте ги овластените сервис центри!

Publicidad

loading