5. Поврзувања
5.1 Dolby Atmos®
Dolby Atmos® ви дава сеопфатно искуство
при слушање со испуштање звук во
тродимензионалниот простор, и сето
богатство, чистина и моќ на Dolby звук. За
повеќе информации, посетете dolby.com/
technologies/dolby-atmos.
5.2 DTS:X
DTS:X, граничниот звук не е повеќе ограничен
од поставеност на звучници со фиксна
положба или сигнали на конкретен канал.
За користење Dolby Atmos® / DTS:X
Dolby Atmos® / DTS:X е достапен во HDMI eARC/ARC
режим. За деталите за поврзувањето, погледнете
во „HDMI поврзување". HDMI eARC/ARC
1. За да користите Dolby Atmos® / DTS:X
режим, вашиот телевизор мора да
поддржува Dolby Atmos® / DTS:X или HDMI
аудио поминување.
2. Уверете се дека „Bitstream", „RAW" или „No
Encoding" е избрано за емитување на аудио
протокот на поврзаниот надворешен уред
(пр. Blu-ray DVD плеер, ТВ и сл.).
3. Додека влегувате во Dolby Atmos / DTS:X
/ Dolby Digital / PCM формат, саундбарот
ќе прикаже DOLBY ATMOS / DTS:X / DOLBY
AUDIO / PCM AUDIO.
5.3 Користење на HDMI приклучница
Некои 4K HDR телевизори бараат HDMI влез
или поставките за слика да бидат поставени
за прием на HDR содржина. За дополнителни
детали за поставување на HDR екран,
погледнете го прирачникот со упатства за
вашиот телевизор.
Користење HDMI да се поврзат саундбарот, AV
опрема и телевизорот:
Начин 1: Стандарден HDMI
-
Ако вашиот телевизор не соодветствува
со HDMI ARC, поврзете го вашиот саундбар
на телевизорот преку стандардно HDMI
поврзување.
1. Користете HDMI кабел да ја поврзете
HDMI OUT (eARC/ARC) приклучницата на
саундбарот со HDMI IN приклучницата на
телевизорот.
2. Користете HDMI кабел да ја поврзете
HDMI IN приклучнницата на саундбарот со
вашите надворешни уреди (пр. конзоли за
играње, DVD плеери и blu-ray).
Начин 2:
eARC (Канал на збогатено повратно аудио)/ ARC
(Канал на повратно аудио)
Функцијата eARC или ARC ви овозможува да
испратите аудио од вашиот телевизор кој е
усогласен со ARC или eARC на вашиот саундбар
преку единечно HDMI поврзување. За да уживате
во функцијата ARC или eARC, уверете се дека
вашиот телевизор поддржува и HDMI-CEC и ARC
или eARC и е соодветно поставен. Кога е правилно
поставен, можете да го користите далечинскиот
управувач на вашиот ТВ да го прилагодите
излезот на звук (VOL + /– и Исклучување звук) на
саундбарот.
HDMI (eARC) или HDMI (ARC)
Поврзете HDMI кабел од HDMI OUT (eARC/ARC)
приклучницата на единицата во HDMI (eARC)
или HDMI (ARC) приклучницата на вашиот
телевизор кој поддржува eARC или ARC. Потоа
притиснете на далечинскиот управувач да
изберете HDMI eARC или HDMI ARC.
Совети:
• Телевизорот мора да поддржува HDMI-CEC и
функцијата ARC или eARC. HDMI-CEC и ARC или
eARC мора да се поставени на вклучено.
• Начинот на поставување на HDMI-CEC и ARC
или eARC може да се разликува во зависност
од телевизорот. За детали за функцијата ARC
или eARC, погледнете го прирачникот за
сопственикот.
• ARC работи само со уреди кои имаат HDMI
ARC како и со HDMI 1.4 кабел (и понов).
Blu-ray плеер / DVD плеер /
Рекордер / Сет-топ Бокс...
MK
9