Descargar Imprimir esta página

AEG BST18BLX2 Traducción Del Manual Original página 45

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 16
Отстранете ги батериите пред да почнете да вршите некаква
работа на самиот производ.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА
БАТЕРИЈАТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да се намали ризикот од пожар,
телесна повреда и оштетување на производот како резултат
на краток спој, алатот, батеријата и полначот никогаш не го
потопувајте во течност или не дозволувајте да навлезе течност
во нив. Корозивни или проводни течности како што се морска
вода, одредени индустриски хемикалии, белила или производи
кои содржат белила итн. може да доведат до краток спој.
Не ги фрлајте потрошените батерии во домашниот отпад
и не ги горете. Дистрибутерите на AEG нудат обновување
на старите батерии со цел да ја заштитат нашата животна
средина.
Батерии кои не се користени некое време, пред употреба
треба да се наполнат.
За оптимална трајност, батериите треба целосно да се
наполнат по употребата.
Чување на батеријата подолго од 30 дена:
• Чувајте ја батеријата на температура под 27°C и подалеку
од влага.
• Чувајте ја батеријата наполнета од 30% - 50%.
• На секои шест месеци од складирањето, наполнете ја
батеријата на вообичаениот начин.
Заштита на батеријата
Батеријата има заштита од преоптоварување што ја штити од
преоптоварување и помага да се обезбеди долг век на траење.
При екстремно напрегање, електрониката на батеријата го
исклучува производот автоматски. За повторно вклучување,
исклучете го производот и повторно вклучете го. Доколку
производот не се стартува повторно, батеријата може да се
испразни целосно. Наполнете ја батеријата повторно.
Транспорт на литиумски батерии
Литиум-јонските батерии треба да ги исполнуваат условите
пропишани во законот за опасни стоки.
Транспортот на тие батерии треба да се изврши во согласност
со локалните, националните и меѓународните одредби и
прописи.
• Батериите може да се транспортираат по друмски пат без
дополнително барање.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонските батерии од
страна на трети лица подлежи на прописите за опасни стоки.
Подготовката за транспорт и самиот транспорт треба да го
вршат само соодветно обучени лица и процесот треба да
биде следен од соодветни експерти.
При транспортот на батериите:
• Погрижете се контактните излези на батеријата да се
заштитени и изолирани за да се избегне краток спој.
• Погрижете се батеријата да е стабилно спакувана за да не се
поместува при транспортот.
• Не вршете транспорт на батериите доколку се дупнати или
течат.
• Контактирајте со шпедитерот за дополнителни совети
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПРОИЗВОД
Видете страна 2.
1. Рачка, изолирана површина за фаќање
2. Контрола на брзина
3. Копче за заклучување
4. Активирање на прекинувач со променлива брзина
5. Прекинувач за дувалка
6. Штитник на сечило
7. Сечило
8. Копче за кружно прилагодување
9. Монтажа на основа
10. Рачка за заклучување на основата
11. Пакет батерии
12. Приклучок за прашина
ОДРЖУВАЊЕ
Избегнувајте употреба на растворувачи при чистење на
пластични делови. Повеќе пластики подлежат на различни
типови комерцијални растворувачи и може да се оштетат со
нивната употреба. Користете чисти крпи за отстранување на
нечистотија, јаглеродна прашина итн.
Користете само додатоци и резервни делови од AEG. Ако
треба да се заменат компоненти кои не се опишани во
упатството, контактирајте со некој од агентите за сервис на
AEG (видете го списокот со адреси за гаранција/сервис).
Доколку ви е потребно, може да се порача расклопен приказ
на алатот. Наведете го типот и серискиот број отпечатен на
етикетата и нарачајте го цртежот кај вашиот локален агент за
сервис или директно на: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-
Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Внимателно прочитајте ги инструкциите пред
употреба на производот.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Отстранете ги батериите пред да почнете да
вршите некаква работа на самиот производ.
Носете заштитни ракавици.
Носете заштитни средства за уши.
Брзина без оптоварување
V
Волти
Директна струја
Европски знак за сообразност
Знак за сообразност на Украина
Евразиски знак за усогласеност
Не ги фрлајте отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад.
Отпадните батерии и отпадната електрична и
електронска опрема мора да се собираат одделно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и
изворите на светлина треба да се отстранат од
опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач
за совет за рециклирање и место за собирање.
Според локалните прописи, трговците на мало
може да имаат обврска бесплатно да ги враќаат
отпадните батерии и отпадната електрична и
електронска опрема.
EN
DE
FR
IT
ES
PT
NL
DA
NO
SV
FI
EL
TR
CS
SK
PL
HU
SL
HR
LV
LT
ET
RU
BG
RO
MK
UK
AR
45

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Bst18blx2-0