142 | Македонски
Заштита од кинење (опрема) (види слика C)
Заштитата од кинење (15) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(7) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (15) од долу во
основната плоча (7).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Заштитна хауба
Монтирајте го заштитниот капак (12), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (12) на електричниот алат на
тој начин што ќе се вклопат држачите во процепите на
куќиштето.
Извадете го заштитниот капак (12) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа
притиснете го капакот на висина на надворешните
држачи и извлечете го нанапред.
Приклучување на всисувач за прашина
Поставете црево за всисување (5) (опрема) на
млазниците за всисување (6). Поврзете го цревото за
всисување (5) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (15).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
1 609 92A 89P | (22.11.2022)
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на аголот на закосување (види слика D)
Основната плоча (7) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитата од кинење (15) не може да се примени за
сечење под агол.
– Извадете ја заштитата од кинење (15).
– Олабавете ја завртката (16) и притиснете ја основната
плоча (7) лесно во правец на струјниот кабел.
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната
плоча (7) согласно скалата (17) во саканата позиција.
Другите агли на косо сечење може да се подесат со
помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (7) до крај во
правец на сечилото за пила (10).
– Повторно цврсто затегнете ја завртката (16).
Поместување на основната плоча (види слика E)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (7).
Одвртете ја целосно завртката (16) со клуч со внатрешна
шестаголна глава (4). Извадете ја завртката заедно со
профилната лајсна (18).
Подигнете ја основната плоча (7). Поместете ја
основната плоча кон струјниот кабел, така што отворот за
завртување за сечење близу раб (22) да биде над дупката
со навој во куќиштето на електричниот алат. Запците за
позиционирање (19) мора истовремено да се вклопат во
отворот (20) на основната плоча. Ставете ја
завртката (16) со профилната лајсна (18) во дупката со
навој и затегнете ја завртката.
Сечењето со поместена основна плоча (7) е можно само
со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се
користат и паралелниот граничник со кружен секач (25)
(опрема) и заштитата од кинење (15).
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните алати означени со
230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Bosch Power Tools