OBJ_BUCH-1311-004.book Page 93 Thursday, September 12, 2013 1:56 PM
9 Светла на главата на камерата
10 Батерија*
11 Копче за отклучување на батеријата
12 Продолжеток за кабелот на камерата*
13 Чаура на приклучокот за камерата
14 Приклучок за камерата
15 Магнет
16 Куки
17 Огледало
18 Приклучок за видео излез
19 Видео кабел
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Монтажа
Пред било каква интервенција на камерата за
проверка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и
при транспорт и складирање, извадете ја батеријата
од камерата за проверка.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите што се наведени на
графичката страница. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашата камера
за проверка.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Откако ќе се вклучи камерата за проверка, на екранот 5 се
појавува приказ на наполнетоста на батеријата:
Приказ
Капацитет
>1/2
<1/2
Резерва
Вадење на батеријата
За да ја извадите батеријата 10 притиснете на копчињата
за отворање 11 и извлечете ја батеријата наназад од
камерата за проверка. Притоа не употребувајте сила.
Bosch Power Tools
Монтирање на кабелот за камерата (види
слика A)
За користење на камерата за проверка, мора да се
монтира кабелот на камерата 6 на рачниот уред 1.
Ставете го кабелот за камерата 6 на приклучокот за
камерата 14, така што чивијата од кабелот на камерата,
како што е прикажано на сликата, ќе влегува во отворот на
приклучокот за камерата. Ставете ја чаурата 13 на
приклучокот за камерата над кабелот за камерата и цврсто
зашрафете го во насока на стрелките на часовникот.
За да го извадите кабелот од камерата 6 зашрафете ја
чаурата 13 наспроти стрелките од часовникот и извлечете
го кабелот од камерата.
Монтирање на продолжетокот на кабелот за
камерата (опрема)
За да монтирате продолжеток на кабелот за камерата 12
мора да го извадите постојниот кабел за камерата 6.
Продолжетокот 12 поставете го како што е опишано
кај„Монтирање на кабелот за камерата" на приклучокот за
камерата 14 и цврсто зашрафете го.
По потреба може да монтирате и други продолжетоци на
ист начин. На околу 10 м вкупна должина (вкл. кабелот за
камерата) се нарушува квалитетот на сликата.
Зашрафете го кабелот за камерата 6 на последниот
продолжеток 12 како што е опишано кај „Монтирање на
кабелот за камерата".
Проверете дали кабелот за камерата и
продолжетоците се зацврстени. Само доколку
врската е цврста, кабелот за камерата и продолжетокот
се водоотпорни. Врските што не дихтуваат го
зголемуваат ризикот од електричен удар или
оштетувањата на камерата за проверка.
Монтирање на огледало, магнет или куки (види
слика B)
Огледалото 17, магнетот 15 и куките 16 може да се
монтираат како помошно средство на главата од камерата 7.
Едно од трите помошни средства ставете го до крај во
отворот на главата од камерата 7, како што е опишано на
сликата.
Напомена: Магнетот 15 и куките 16 се погодни само за
поместување и отстранување на лабаво поставени, мали и
лесни предмети. При јако влечење може да се оштети
камерата за проверка или помошното средство.
Приклучување на надворешна репродукција
на сликата (види слика C)
Сигналот за сликата на камерата за проверка може да го
пренесете на надворешен екран, кој може да прикаже
стандарден NTSC-видео сигнал.
Црниот приклучок на испорачаниот видео кабел 19
ставете го во приклучокот за видео излез 18 на камерата
за проверка. Видео кабелот приклучете го на соодветен
екран.
Прочитајте го и внимавајте на упатството за употреба на
надворешниот монитор.
Македонски | 93
1 609 92A 0B4 | (12.9.13)