Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GST 18 V-LI S Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GST 18 V-LI S Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
OBJ_BUCH-2148-003.book Page 164 Wednesday, November 25, 2015 11:15 AM
164 | Македонски
Совети при работењето
 При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
користете стабилна подлога.
Заштита од допир
Заштитата од допир 13 на куќиштето го спречува
невнимателното допирање на листот на пилата за време
на работниот процес и не смее да се вади.
Пили за вдлабнување (види слика I)
 Со пилите за вдлабнување смее да се обработуваат
само материјали како дрво, гипс картон исл. !
За пилата за вдлабнување користете само кратки листови
за пила. Сечење со вдлабнување е возможно само со
закосен агол од 0°.
Поставете го електричниот апарат со предниот раб на
основната плоча 7 на делот што се обработува, без листот за
пила 10 да го допира делот што се обработува, и потоа
вклучете. Кај електричните апарати со контрола на бројот на
удари изберете го максималниот број на удари. Притиснете
го цврсто електричниот апарат на делот што се обработува и
оставете го листот за пила полека да се вдлабне во него.
Откако основната плоча 7 со целата површина ќе се
постави на делот што се обработува, продолжете да
сечете по должина на саканата линија.
Средства за разладување/подмачкување
При сечење на метал, заради вжештување на материјалот,
нанесете средство за ладење одн.подмачкување по
должината на линијата на резот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Редовно чистете го прифатот за листовите за пила. За го
исчистите, извадете го листот за пила од електричниот
апарат и тропнете лесно со електричниот апарат на рамна
површина.
Јаката нечистотија на електричниот апарат може да до-
веде до пречки во функцијата. Поради тоа, материјалите
од кои се создава многу прав при сечењето, не ги сечете
од долу или над главата.
Водечкиот валјак 9 подмачкајте го одвреме-навреме со
неколку капки масло.
Редовно контролирајте го водечкиот валјак 9. Доколку е
истрошен, мора да се замени во овластената специја-
лизирана продавница на Bosch.
Пластичната лизгачка плоча 6 треба да се замени доколку
е истрошена.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
1 609 92A 1SX | (25.11.15)
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт",
cтрана 164.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gst 18 v-li b professionalGst professional 18 v-li sGst professional 18 v-li b

Tabla de contenido