Bosch GRO 12V-35 Professional Manual Original página 173

Ocultar thumbs Ver también para GRO 12V-35 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
OBJ_BUCH-2916-001.book Page 173 Tuesday, July 12, 2016 1:56 PM
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за сите примени
Општи безбедносни напомени за брусење, брусење со
брусна хартија, работење со жичани четки, полирање,
глодање и сечење со брусни плочи
 Овој електричен апарат се употребува како алатка
за брусење, алатка за брусење со брусна хартија,
жичани четки, за полирање, глодање и брусилка за
сечење со брусни плочи. Внимавајте на сите
безбедносни напомени, упатства, прикази и
податоци што сте ги добиле во прилог на уредот.
Доколку не внимавате на следните упатства, може да
дојде до електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
 Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
 Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
 Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот
што се вметнува мора да одговараат на димензиите
на вашиот електричен апарат. Погрешно
димензионираните алати за вметнување не може
доволно да се заштитат или контролираат.
 Брусните плочи, брусните валјаци или другата
опрема мора да биде соодветна на вретеното за
брусење или затезната чаура на вашиот електричен
апарат. Алатите за вметнување што не може точно да се
прицврстат во прифатот за алат на електричниот
апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и
може да доведат до губење на контролата.
 Дисковите, цилиндрите за брусење, алатите за
сечење или другата опрема монтирани на чивијата
мора целосно да бидат вметнати во затезната чаура
или затезната глава. Доколку чивијата не е доволно
затегната или брусното тело е предалеку поставено,
алатот за вметнување може да се олабави и при висока
брзина може да се исфрли.
 Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секое користење, проверете ги алатите што се
вметнуваат како на пр. дали брусните плочи имаат
скинати делови и процепи, дали на брусните валјаци
има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и
дали има олабавени или скршени жици на жичаната
четка. Доколку ви падне електричниот апарат или
алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен
или пак употребете неоштетен алат за вметнување.
Откако сте го провериле и ставиле алатот за
вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат
во близина на нивото на ротирачкиот алат што се
вметнува и оставете го алатот да врти една минута
Bosch Power Tools
на највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените
алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој
пробен период.
 Носете заштитна опрема. Во зависност од
употребата, носете целосна заштита за лицето,
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни
ракавици или специјални престилки што ќе ве
заштитат од честичките настанати при брусење на
материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите
тела што летаат наоколу, а се настанати од различната
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат
правта што настанува при употребата. Доколку сте
изложени на гласна врева подолго време, може да го
изгубите слухот.
 Доколку има други лица во работното поле, држете
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе
во работното поле, мора да носи лична заштитна
опрема. Парчињата од делот што се обработува или
скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу
и да предизвикаат повреди и надвор од директното
поле на работа.
 Држете го уредот само за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли. Контактот со струјниот кабел може металните
делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до
електричен удар.
 Секогаш држете го цврсто електричниот апарат при
стартувањето. При старт со полн број на вртежи,
реакцискиот момент на моторот може да доведе до тоа,
електричниот апарат да се заврти.
 Доколку е возможно, употребете затезни клешти за
да го фиксирате делот што го обработувате.
Никогаш не го држете делот што се обработува во
една рака и алатот во друга додека го користите. Со
затегнувањето на малите делови за обработка, рацете
ќе ви бидат слободни за подобра контрола на
електричниот уред. При сечење на заоблени делови за
обработка, како на пр. дрвени типли, прачки или цевки,
тие имаат тенденција да се оттркалаат, при што може да
се заглават во прифатот за алат и да се исфрлат кон вас.
 Никогаш не го оставајте електричниот апарат,
доколку алатот за вметнување не е целосно во
состојба на мирување. Ротирачкиот алат што се
вметнува може да дојде во контакт со површината на
која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите
контролата над електричниот апарат.
 По менувањето на алатите за вметнување или
поставките на уредот, затегнете ги навртките на
затезната чаура, затезната глава и останатите
елементи за прицврстување. Олабавените елементи
за прицврстување може неочекувано да се поместат и
да доведат до губење на контролата; неприцврстените
ротирачки компоненти ќе се исфрлат со голема сила.
 Електричниот апарат не смее да биде во погон
додека го носите. Вашата облека може да се зафати од
Македонски | 173
1 609 92A 3B4 | (12.7.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido