5. Опис на симболите
Внимание!
Пред пуштање во употреба,
внимателно прочитајте го Упатството за
употреба.
Опасност од пожар!
Никогаш не ставајте
гориво додека моторот со
внатрешно согорување
работи или е многу
загреан. Бензинот е
високо запалив и создава
експлозивна пареа.
Опасност од труење!
Избегнувајте го
вдишувањето издувни
гасови. Издувните гасови
од моторот со внатрешно
согорување содржат
отровен јаглерод
моноксид, како и други
штетни материи.
Опасност од изгореници!
Да не се допираат
жешките површини.
Деловите од моторот со
внатрешно согорување,
особено грлото и ауспухот,
се вжештуваат.
Налепница над грлото:
112
Предупредување – Опасност од
изгореници!
Грлото се презагрева. Не допирајте!
6. Оспособување на уредот
за работа
6.1 Проверувајте ја состојбата
на наполнетост со масло и
наполнете моторно масло.
Моторот со внатрешно согорување е
прилагоден за комерцијални 4-тактни
моторни масла.
VIKING препорачува користење на
следниве моторни масла:
– VIKING SAE 30
– VIKING 10W-30
Видот на маслото треба да се
прилагоди на надворешната
температура што преовладува во
областа на употребата на
градинарскиот апарат VIKING:
Работа на температури над 4° C:
SAE 30
Работа на температури под 4° C:
SAE 10W-30
Капацитет на маслото:
Прво полнење 1,2 литри
Промена на маслото 1,0 литри
Избегнувајте оштетување на
уредот!
Моторот со внатрешно
согорување се испорачува без
моторно масло. Поради тоа, пред
првото пуштање во употреба се
полни моторно масло.
Пониското и повисокото ниво на
масло од пропишаното може да
доведе до оштетување на
моторот со внатрешно
2
согорување.
● Градинарскиот апарат VIKING
поставете го на рамна површина,
изгаснете го моторот со внатрешно
согорување.
● Исчистете го подрачјето околу
прачката за мерење на нивото на
маслото.
● Прачката за мерење на нивото на
маслото (1) се отшрафува и се чисти
со бришење.
● Прачката за мерење на нивото на
маслото (1) се вметнува во отворот
за полнење – не се зашрафува.
Потоа повторно извадете ја прачката
за мерење на нивото на маслото и
прочитајте ја состојбата на
наполнетост со масло на мерната
скала (2).
● По потреба, наполнете моторно
масло, сè додека не се постигне
максимална состојба на
наполнетост. Употребувајте
соодветна инка.
● Повторно зашрафете ја прачката за
мерење на нивото на маслото (1) и
избришете го истеченото моторно
масло.
0478 983 9901 A - MK