Грил плочи
Плочи за вафле
ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА
• Прочитајте ги внимателно сите упатства и зачувајте ги за понатамошна употреба.
• Отстранете го целиот амбалажен материјал. • Чистете ги грејните плочки со крпа или со сунѓер натопен
во топла вода.
НЕМОЈТЕ ДА ГО НАТОПУВАТЕ УРЕДОТ ИЛИ ДА ГИ СТАВАТЕ ГРЕЈНИТЕ ПЛОЧКИ ДИРЕКТНО ПОД
МЛАЗ ВОДА
• Чистете го уредот со крпа или со хартија за бришење.
• За најдобри резултати, благо премачкајте ги грејните плочи со малку масло за јадење или масло за
готвење во спреј.
Напомена: Кога за прв пат го загревате Вашиот уред, тој може да испушти благ чад или мирис. Тоа е
нормално кај поголем број грејни уреди. Тоа не ја загрозува безбедноста на употребата на Вашиот
уред.
КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ УРЕДОТ
•Затворете го Вашиот тостер и вклучете го во ѕиден штекер, ќе забележите дека ќе се вклучи светлото за
вклучување на уредот и светлото за спремност за работа, што покажува дека уредот започнал да се
загрева.
•Потребно е околу 3-5 минути за да се постигне посакуваната температура за печење и светлото за
спремност за работа ќе се исклучи.
•Отворете го капакот, ставете ги сендвичите, месо или друга храна на долната грејна плочка.
•Затворете го капакот. Светлото за спремност за работа повторно ќе се запали.
•Печите околу 3 до 6 минути, светлото за спремност за работа повторно ќе се изгасне, или додека храната
не добие златно-кафеава боја, подесувајќи го времетоза печење по сопствен вкус.
•Кога храната е веќе печена, отворете го капакот користејќи ја рачката. За подигање на подготвената храна
ќе Ви користи пластична шпакла. Никогаш немојте да користите метални предмети или нож бидејќи тие
можат да го оштетат нелепливиот премаз на грејните плочи.
•Кога ќе завршите со печењето, исклучете го уредот од ѕидниот штекер и оставете го уредот отворен
додека да се олади.