ДЕЛОВИ ОД АПАРАТОТ
Пред првата употреба на Вашиот апарат, запознајте се со сите негови делови. Прочитајте ги
внимателно сите Упатства за употреба и Безбедносни упатства.
УПОТРЕБА НА ВАШИОТ АПАРАТ
Пред првата уптреба, отстранете ги сите промотивни материјали и материјалот од амбалажата, и
проверете дали грејните плочи се чисти и без прашина. Доколку е потребно, избришете ги со влажна
крпа. За најдобри резултати, истурете еден филџан за кафе со масло за готвење на грејните плочи.
Намачкајте ја целата површината на плочите со апсорбирачки кујнски бришач и отстранете го вишокот
на масло.
Кога Вашиот апарат се загрева за прв пат, може да испушти благ чад и мирис. Тоа е нормално кај
повеќето грејни апарати.
Ова не влијае на безбедноста на Вашиот апарат.
• Поврзете го кабелот за напојување со штекер со соодветен напон. Сигналната ламба ќе засвети
црвено што значи дека уредот започнал да загрева.
• Оставете го апаратот да се загрее додека не засвети индикаторот .Ова покажува дека грејните плочи
ја достигнале потребната температура за печење.
• За најдобар резултат, намачкајте ги грејните плочи со масло за готвење пред употреба.Ова ќе ви
помогне при отстранување на вафлите после печењето.
• Ставете ја смесата во лежиштето користејќи бокал или ќеса со фабрички шприц за шлаг и тесто.
Напомена: немојте да користите пластична ќеса со шприц за шлаг и тесто за еднократна употреба
бидејќи може да се стопи ако дојде во допир со топлите грени плочи.
3
1. Горне куќиште
2. Копче
3. Индикатор за напон
4. Индикатор за спремност
5. Украсен лист
6. Маска на куќиште
7. Долно куќиште
8. Горна плоча
9. Долна плоча